Свлечиште затрупа над 2.000 луѓе во Папуа Нова Гвинеја во петокот

1 min read

МЕЛБУРН (АА) – Владата на Папуа Нова Гвинеја соопшти дека свлечиштето што се случи во петокот затрупало повеќе од 2.000 луѓе и официјално побара меѓународна помош, пренесува Анадолу.

Бројката што ја објавија домашните власти е трипати поголема од процената на Обединетите нации (ОН) кои објавија дека станува збор за околу 670 затрупани лица.

Вршителот на должност директор на Националниот центар за катастрофи на јужнопацифичката островска држава во писмо упатено до резидентниот координатор на ОН наведува дека свлечиштето затрупало повеќе од 2.000 луѓе и предизвикало големи разорувања.

Австралија најави дека денес ќе прати авиони и друга помош во Папуа Нова Гвинеја.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Уапсен турски државјанин за подметнати пожари во Атина

Следно

Израел одговори на нападот на Хамас

Latest from Blog