Светска банка: Раст на инфлацијата од 3 отсто, повисоките плати не се во согласност со продуктивноста

April 11, 2024
1 min read

Раст на инфлацијата од три отсто во 2024 година и враќање на долгорочниот просек на земјата од два процента во периодот 2025 – 2026 година, очекува Светска банка (СБ) за економскиот развој на Северна Македонија. На денешната презентација на редовниот Економски извештај за Западен Балкан, беше посочено дека ризик е зголемувањето на платите, кои не се во согласност со продуктивноста и тоа е нешто што годинава може да ја одржи инфлацијата на зголемено ниво.

Според Светска банка, Северна Македонија бележи зголемен буџетски дефицит, а минатата година имала и економски раст најнизок во регионот. Оваа година се очекува растот да биде силно поттикнат од градежните работи на автопатиштата.

„За 2024 година проектираме стапка на раст на инфлацијата од три отсто, а во 2025 – 2026 година, на подолг рок, враќање на долгорочниот просек на земјата од два процента. Во целиот период на проекција имаме претпоставка дека тоа ќе се намалува, останува повисок од долгорочниот просек во 2024-та, но сепак, многу пониско од тоа што беше минатата година кога видовме 9,4 отсто раст на инфлација, а претходната година 14,2. Трендот на намалување продолжува, но ова забавено враќање на нормалата кај нас резултитра од второстепените ефекти на инфлацијата. Ако на почетокот инфлацијата беше главно предводена од растот на цените на храната и енергијата, сега веќе тој раст се пренесува во производството. Ова е тој второстепен ефект на зголемувањето на цените кој продолжува и ние го гледаме во повисока т.н. базична стапка на инфлација. Тоа останува сè уште високо за Северна Македонија, затоа очекуваме да има притисоци од таму, исто така и од континуираниот раст на платите кој продолжува и очекуваме дека ќе продолжи“, истакна економистката Јоана Маџоска.

Извор: alsat.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски сѐ уште не добил одговор од албанската опозиција за коалицирање по изборите

Следно

Луфтханза ја продолжува суспензијата на летовите до Техеран до 13 април

Latest from Blog

Не се доволно ценети ликовните уметници во Македонија – само од продажба на слики не може да се преживее

Во Македонија, ликовните уметници се соочуваат со сложена реалност што вклучува и страст за креативност и предизвици за добивање соодветно признание и поддршка. Иако земјата има богато уметничко наследство и многу талентирани

Пред пратениците во вторник, ќе се најде предлогот за нов гувернер на НБРМ

Предлогот за нов гувернер на Народната банка утре ќе биде доставен до Собранието, а пратениците ќе гласаат во вторник. Мандатот на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска истекува на 21 мај, по седум

Што прави власта за женските права

Под мотото „Жените громогласни за Македонија“ денеска во Градскиот парк во Скопје  се одржа 20-тата Годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Истрајноста во борбата за правата и интересите на жените

Турскиот министер Фидан го поздрави растечкиот моментум во односите меѓу Турција и Саудиска Арабија

ИСТАНБУЛ / АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес го пофали растечкиот моментум во односите меѓу Турција и Саудиска Арабија, нарекувајќи го производ на „визијата на нашите лидери“,
Go toTop