Свечен прием и концерт по повод 21 Декември – Ден на настава на турски јазик и 20. годишнина од отворањето на Канцеларијата на ТИКА во Скопје

December 21, 2025
1 min read

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) вечерва во Скопје организира свечен прием по повод 21 декември – Ден на настава на турски јазик и 20. годишнина од отворањето на Канцеларијата на ТИКА во Скопје.

Централна церемонија по повод 21 декември Ден на настава на турски јазик ќе се одржи вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со обраќање на претседателот на ТИКА, Абдуллах Ерен и концерт на турскиот пејач Кирач.

Претходно во хотел „Александар Палас“ ќе се одржи свечен прием по повод Денот на настава на турски јазик и 20. годишнина од отворањето на Канцеларијата на ТИКА во Скопје.

Вчера беа одржани церемонии за предавање на два проекти реализирани од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) – Отворање на целосно реновираниот и опремен со средства обезбедени преку ТИКА на Здравствен дом Пласница и свечено отворање на лабораториите и церемонија за донација на возила на Јавната установа Хидробиолошки институт на Република Северна Македонија во Охрид.


Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која присуствуваше на свечената церемонија во Охрид, во обраќањето пред присутните изрази задоволство што само три месеци кога на одбележувањето на 90-годишнината од основањето на Хидробиолошкиот била најавена донацијата, денес веќе ја има својата реализација.

Станува збор за донација во опрема, за која беше истакнато дека не е насочена само кон зајакнување на капацитетите на Институтот, туку претставува инвестиција во науката, во заштитата на природното наследство и во иднината на водните еко-системи.

Со поддршка на турскиот народ целосно се реновирани и опремени одделенијата за фито за зоопланктон на Институтот, современ микроскоп со микроскопска камера за потребите на двете одделенија, како и ново теренско возило.

Директорот на ТИКА, Абдула Ерен, рече дека Агенцијата веќе дваесет години реализира бројни проекти во многу области во Македонија.

– Досега се реализирани над 1300 проекти во повеќе области. Главна цел на тие проекти е зацврстување на постоечките односи меѓу Република Македонија и Република Турција, рече тој.

Амбасадорот на Република Турција во земјава, Фатих Улусој, порача дека Турција секогаш била на страната на нашиот пријател и сојузник – Северна Македонија, со која, како што рече, „споделуваме заеднички историски, културни и човечки врски уште од нејзината независност“.

ТИКА, како турска државна агенција, повеќе од две децении е активна во Северна Македонија, реализирајќи бројни проекти за подобрување на инфраструктурата, здравството и образованието.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вкусот на Пелистер“ повторно ги обедини Битола, Прилеп и Ресен

Следно

Данската пошта прекинува со достава на писма по повеќе од 400 години

Latest from Blog

КАКО БИ САКАЛЕ ДА УМРЕТЕ?! Праша Reddit а одговите се… богами има и креативни

Неодамна на популарната социјална мрежа Reddit се појави прашање кое ги прави повеќето луѓе да се чувствуваат непријатно, но Србите покажаа неверојатен спектар на емоции преку своите одговори – од длабока поезија

Мистериозна ЖЕНА БО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат

Претседателот на Фенербахче на распит за поседување дрога

ФОТО: Sadettin Saran/FB Претседателот на турскиот гигант Фенербахче, Садетин Саран, е повикан на сослушување како осомничен во истрага за дрога. По давањето исказ пред обвинителите, 61-годишниот Саран е испратен во Одборот за
Go toTop