Судскиот совет ќе одржи седница на ден 3 јануари, петок, на која ќе се избира претседател на Советот.
Седницата е закажана во 09:30 часот.
Како точка на дневниот ред е и разгледување и одлучување по приговор од судија.
Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамевска поднесе неотповиклива оставка на 2 декември, само три дена пред истекот на мандатот.
Во јавното обраќање таа соопшти дека оставката ја поднела поради немање слух кај власта за обезбедување брза и ефикасна правда, како и обидите за нарушување на нејзиниот интегритет од страна на високи владини функционери.
ИЗВОР: kurir.mk