Судскиот совет утре ќе избира нов претседател откако Весна Дамева пред еден месец поднесе нетповиклива оставка
Изборот се одложуваше до комплетирање на составот – со двајцата нови членови од редот на судиите.
Додека советот се подготвува да избере претседател, законодавата и извршната власт најавуваат разрешување на членовите на ова тело.
Премиерот Мицкоски вели дека овој состав на Судскиот совет можеби има легалитет, но нема легитимитет кај граѓаните.
И собранискиот спикер Гаши пак, најави постапка за разрешување на пет члена на Судскиот совет избрани во Собранието.
„Негативниот извештај за работата на Судскиот совет значи дека Собранието на некој начин ги отповикува и дека може да почне процедурата за нивно разрешување и назначување на нови“, смета Гаши
Поранешниот судија Валентин Зафиров, смета дека е потребна е голема реформа во судскиот совет. Освен собранието и претседателот на државата треба да предложи нови членови во советот, а дополнително да се овозможи и адвокатската комора да има свои луѓе во ова тело.
Претседателот на Судскиот совет, се бира со најмалку осум гласови од членовите на советот.
Тој е составен од 15 члена, од кои осум члена ги избираат судиите од своите редови, петмина Собранието од кои двајца на предлог на Претседателот на државата.
Лани во декември Весна Дамева оставката ја поднесе како што посочи поради притосоците од власта и немањето слух да се обезбеди брза и ефикасна правда
Судскиот совет остана да функционира без претседател, а за десетина дена Обвинителството и полицијата влегоа во Советот, да проверат евентуално сторено кривично дело со мандатот на Дамева.
На утрешната седница на Судскиот совет, покрај изборот на претседател, се и разгледување и одлучување по приговор од судија.
Извор: 24vesti.mk