Судски пресуди за 4 лица во врска со терористичкиот напад во Австрија 2020 година

1 min read

ВИЕНА (АА) – Две лица добија доживотна казна затвор, едно лице е осудено на 20 години, а друго на 19 години во судскиот случај против 6 лица што се води повеќе од две години во Австрија во врска со терористичкиот напад извршен на 2 ноември 2020 година во кој животот го загубија 4 лица, известува „Анадолу“.

Во процесот што го води Сојузниот покраински суд во Виена, осумчлениот Судски совет ја соопшти својата одлука за шесте лица на кои им се судеше за помагање и пружање засолниште на терористот кој уби 4 лица.

Според оваа одлука, две од четирите лица за кои беше утврдено дека помагале во извршувањето на терористичкиот акт, и кои на терористот му овозможиле пристап до оружје и слична муниција и биле свесни за нападот, осудени се на издржување казна доживотен затвор.

Едно лице на кое му се суди по истите основи, осудено е на 20 години, а друго на 19 години затвор.

Освен четирите лица за кои е утврдено дека му помагале на терористот, за преостанатите двајца обвинети е утврдено дека немале директна врска со терористичкиот акт врз основа на достапните докази и се ослободени од обвиненијата, но истите овие двајца осомничени се осудени на по две години затвор со образложение дека се членови на терористичката организација ДАЕШ и вршеле пропаганда на оваа организација.

Во терористичкиот напад извршен на 2 ноември 2020 година во Виена, главниот град на Австрија, од страна на 20-годишен терорист, австриски државјанин со потекло од Северна Македонија, животот го загубија 4 лица, а 23 лица беа повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

24-годишен возач прегази малолетничка

Следно

Отворена нова сензорна соба во ООУ „Круме Кепески“ во Кисела Вода

Latest from Blog