Судот во Замбија овозможи Хрватите, кои посвоија деца во ДР Конго, да се бранат од слобода

January 12, 2023
1 min read

Осумтемина Хрвати осомничени во Замбија за трговија со луѓе односно во исправноста на документите за посвојување на деца од Демократска Република Конго, ќе се бранат од слободата откако ќе платат кауција, ќе ги достават пасошите, редовно да се јавуваат полиција и да го регулираат престојот во земјата, одлучи денеска судот во Ндоли.

Четири брачни двојки еден месец се во притвор во градот Ндоли, Замбија откако на почетокот на декември беа уапсени на аеродром под сомнение дека поседуваат лажни документи за посвојување на деца од ДР Конго. На аеродромот со нив биле и посвоените деца, кои им се одземени од социјалната служба на Замбија.

Осомничените хрватски државјани пред два дена се појавија пред судот во Ндоли при што изјавија дека не се виновни за обид за трговија со луѓе и за фалсификување на документи.

Сè уште не е познато какви документи добиле уапсените Хрвати во ДР Конго и зошто властите на Замбија истите ги сметаат за лажни.

Во ДР Конго со години е во сила забрана за меѓудржавно посвојување, но во пракса, судовите дозволуваат.

Поради долгата постапка во Хрватск а, изминатите години голем број Хрвати посвојуваат деца од други држави. Во Хрватска сега има околу 3.000 деца без соодветна родителска грижа, но само приближно 200 ги исполнуваат правните услови за посвојување. Во службениот регистар се наоѓаат повеќе од 1.100 посвоители.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пронајдено е лицето кое исчезна во кратовско

Следно

Исчезна 47-годишник во Скопје

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop