Суд во Њујорк одобри конфискација на имотот на рускиот олигарх Малофеев

February 2, 2023
1 min read

Окружниот суд на САД во Менхетен, државата Њујорк, денеска донесе одлука дека американското обвинителство е овластено да го конфискува имотот на рускиот олигарх Константин Малофеев вреден околу 5,4 милиони долари, што би можел да се искористи за обнова на Украина.

Пресудата на американскиот окружен судија Пол Гардоф е прва судска одлука за конфискација на имотот на руски државјанин кој бил ставен на американската листа на санкционирани руски олигарси и деловни субјекти.

По избувнувањето на конфликтот во Украина, американското Министерство за правда формираше работна група со цел да изврши финансиски притисок врз блиските сојузници на рускиот претседател Владимир Путин. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Улицата „Самуилова“, која води до гробот на Делчев, од вечерва блокирана за сообраќај

Следно

Меџити: Оваа коалиција не е за Европа туку за спас на Артан Груби!

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop