Стотина жени се искачија на Титов Врв во акција за подигање на свесноста за ракот на дојка

October 20, 2024
1 min read

Успешно се одржа планинарската тура „Титов Врв со панделка“ наменета само за жени до највисоката точка на Шар Планина, каде се искачија стотина припаднички на понежниот пол, информираат организаторките од планинарскиот клуб Х20 од Скопје и повеќе клубови низ државата. 

Оваа акција која се спроведе во саботата, беше организирана по повод месец октомври кога се одбележуваат настани за подигање на свесноста за ракот на дојка. Жените планинарски водичи, на овој начин во нивниот домен, се одлучиле да придонесат за оваа кампања.

-Акцијата ја започнавме во услови на намалена видливост и иако во одредени моменти помислувавме дека можеби треба да се откажеме и вратиме, надежта и истрајноста ни покажаа дека кога нешто сакате силно и искрено, целиот универзум се сплотува и соработува во ваша корист. Штом ја надминавме границата од 2.000 м.н.в. не дочека долго очекуваното сонце кое не затопли и ни ги врати ведрината и насмевките и уживањето можеше да започне, изјави Сибел Јакуповиќ планинарски водич од планинарскиот клуб Х20-Скопје.

На турата, највозрасна учесничка била жена на 74 годишна возраст. Меѓу нив имало самохрани мајки, некои мајки биле со нивните бебиња, а имало и ќерки со нивните мајки.

-Нашата највозрасна учесничка нè научи дека не постои пречка која не може да се совлада, ни покажа пример за следење и почитување. Особено ни е мило кога некој ќе одлучи за првпат да се искачи на Титов Врв токму на оваа акција и такви жени и овој пат имавме многу. Секоја со своја приказна и секоја со своја мотивација и одлучност да истрае во целта. И целта не беше Титов Врв, целта беше истрајноста низ сите предизвици, низ маглите и темнините кои секоја од нас ги поминала или поминува. Имаше жени кои покрај сите здравствени и животни предизвици извојуваа уште една борба со себе. Имавме жени кои извојувале победа над ракот на дојка, имавме жена која со вештачки колк ни одржа лекција за тоа што значи да си жена и да си борец, посочи Јакуповиќ.

Турата ја организирал тим составен планинарските водичи Сибел Јакуповиќ, Славица Јованоска, Снежана Новаковска, Јасмина Антиќ, Розе Настоска, Билјана Донева, Елена Ванчоска Секулоска, Јасмина Ристовска, Ирена Савевска, Катерина Станковиќ, со логистичка поддршка од Марина Стоиловска и Екатерина Лукарова.

-За жал тие што дојдоа да истрчаат трка до врвот (какви што секогаш има) немаат и нема да имаат можност да ги слушнат овие приказни, оние кои се „ладеа“ и немаа трпение да почекаат групата да се собере – исто. Ова го пишуваме со цел да ја подигнеме и свесноста што значи движење во група и каква е целта на оваа наша акција. За сите наши борки огромна благодарност, за сите вас што не се откажавте, за сите вас што покажавте трпение, емпатија, разбирање, за сите што се грижевте за вашите другарки, пријателки, сестри, ќерки, мајки, ви благодариме за учеството. Вие сте ни мотивацијата за овие акции, порача Јакуповиќ.

Акцијата e поддржанa и од Федерацијата за планинарски спортови.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На ГП Деве Баир лишен од слобода турски државјанин, покажал две фалсификувани зелени карти за товарно возило и полуприколка

Следно

„Вреди“ контра Перински – „Академијата може да се финансира од општините“

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Новата финансиска конструкција ќе ја забрза изградбата на пругата кон Бугарија

Владата останува цврсто посветена на реализацијата на стратешките инфраструктурни проекти, а во изминатите две години интензивно работи на забрзување на проектите кои биле наследени со застој, како и на започнување нови капитални

Македонската берза со позитивен финиш, промет над 6,3 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 06.08.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.236,00 поени. Во

Битола добива нов паркинг простор – обезбедени 25 нови паркинг места

Изградбата на нов паркинг простор и реконструкцијата на улицата „Браќа Џаферови“ во Битола влегуваат во завршна фаза. Денеска се асфалтираше површина од 1.100 квадратни метри, со што проектот е чекор поблиску до

Винисиус ги избриша сите објави од Инстаграм откако Реал му даде понуда

Винисиус Жуниор ги избриша сите содржини од својот Инстаграм профил само неколку часа откако Реал Мадрид наводно му понудил нов, подобрен договор. Тековниот договор на Бразилецот истекува за помалку од една година,

Украина погоди две големи руски рафинерии оддалечени стотици километри од границата

Погодени биле рафинерии во Јарослав и во Башкортостан. Претходно беше објавено дека црн чад се издигнува од правецот на рафинеријата во Јарослав, една од петте најголеми во земјата. Регионалниот гувернер михаил евраев
Go toTop