Столтенберг ја повика Јужна Кореја да ја зголеми воената помош за Украина

January 30, 2023
1 min read

Столтенберг рече дека е „исклучително важно“ рускиот претседател Владимир Путин да не победи во оваа војна, оценувајќи дека руската победа ќе го направи светот поопасен

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг побара од Јужна Кореја да ја засили воената помош за Украина, советувајќи го Сеул да ја укине забраната за испраќање оружје на земјите во војна.

„Ако веруваме во слободата, во демократијата, ако не сакаме да надвладеат автократијата и тоталитаризмот, тогаш им треба оружје“,

рече Столтенберг во Институтот Шај во Сеул, повикувајќи ја Јужна Кореја да направи повеќе за да го поддржи Киев.

Вчера Столтенберг се сретна со високи јужнокорејски претставници, вклучително и министерката за надворешни работи Парк Џин, како дел од турнејата чија цел е зајакнување на врските на НАТО со сојузниците во Азија.

Јужна Кореја е сè поважен извозник на оружје во светот и неодамна потпиша договори за продажба на стотици тенкови на европските земји, вклучително и на Полска, која е членка на НАТО.

Сепак, нејзините закони забрануваат продажба на оружје на земјите во војна, што ja отежнува испораката за Украина, на која Сеул сепак и испрати воени средства и хуманитарна помош.

Столтенберг посочи дека на Киев итно му треба повеќе оружје. Тој посочи дека земјите како Германија и Норвешка, кои имаат слични закони со Јужна Кореја во однос на извозот на оружје, го промениле за да го поддржат Киев.

Јужна Кореја минатата година ја отвори својата прва дипломатска мисија во НАТО.

Столтенберг рече дека е „исклучително важно“ рускиот претседател Владимир Путин да не победи во оваа војна, оценувајќи дека руската победа ќе го направи светот поопасен.

Тој посочи дека НАТО не ја смета Кина за „противник“ и дека Алијансата верува во заеднички ангажман за прашања кои се движат од контрола на вооружувањето до климатски промени.

Столтенберг е во посета на Сеул, на турнеја во која ќе биде вклучена и Јапонија и има за цел да ги зајакне врските со сојузниците од НАТО кои се соочуваат со војната во Украина.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Демостат: Србија ќе биде членка на ЕУ до 2030 година доколку го прифати европскиот план за косовското прашање

Следно

Соларни панели ќе го напојуваат новиот аеродромски терминал во Њујорк

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop