Столтенберг e убеден дека наскоро ќе има решение за испораката на германските тенкови во Украина

January 24, 2023
2 mins read

Министерот за одбрана на Германија изјави дека нема неединство меѓу сојузниците околу испраќањето тешки борбени тенкови во Украина и нагласи дека Берлин брзо ќе дејствува доколку има позитивна одлука за тоа. Сепак, тој истакна дека НАТО не смее да стане страна во војната во Украина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по денешната средба со германскиот министер за одбрана, Борис Пистоиус, изјави оти е убеден дека Алијансата наскоро ќе најде решение за испорака на борбени тенкови на Украина, пренесува „Гардијан“.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг/Фото: Архива

„Во овој клучен момент од војната, ние мора да обезбедиме потешки и понапредни системи за Украина, и тоа мора да го направиме побрзо“,

изјави Столтенберг пред новинарите стоејќи покрај германскиот министер за одбрана, Писториус.

Генсекот на НАТО потврди дека со министерот за одбрана на Германија разговарале за прашањето за борбените тенкови и дека консултациите меѓу сојузниците ќе продолжат.

„Затоа ја поздравувам нашата денешна дискусија. Разговаравме за прашањето за борбени тенкови. Консултациите меѓу сојузниците ќе продолжат и убеден сум дека наскоро ќе имаме решение“,

додаде Столтенберг, пренесе Ројтерс.

Писториус изјави дека нема неединство меѓу сојузниците околу испраќањето тешки борбени тенкови во Украина и нагласи дека Берлин брзо ќе дејствува доколку има позитивна одлука за тоа.

Сепак, тој истакна дека НАТО не смее да стане страна во војната во Украина.

Вчера полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека германското одобрение за тенковите „леопард 2“ не е примарно, па дури и без тоа одобрение, Полска би можела да ѝ ги достави тешките борбени тенкови на Украина.

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници не успеаја минатата недела да го убедат Берлин да дозволи тенковите „леопард 2“ да бидат испратени до линијата на фронтот, иако тешките тенкови Украина ги гледа како клучни за успехот во борбата против рускиот агресор. Полска е првиот поборник за испорака на леопарди и ги повикува земјите што ги имаат овие германски тенкови да ги испратат во Украина, дури и без одобрение од Берлин.

Германија нема да застане на патот на Полска да ги испрати своите тенкови „леопард 2“ во Украина, изјави во неделата германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок за француската телевизија ЛЦИ. Токму на таа нејзина изјава реферирарше Моравјецки.

Германската влада е под зголемен притисок да испрати тешки тенкови во Украина кои би можеле да влијаат на рамнотежата на силите на фронтот.

На состанокот во петокот во американската воена база во Рамштајн, Германија, западните сојузници на Украина ја одложија одлуката за ова прашање, што го налути Киев, кој ја критикуваше нивната „неодлучност“. Од почетокот на војната, германската влада постојано изразуваше претпазливост за испраќање сè понапредни системи за оружје во Киев, но на крајот тие ги испорачаа.

Владини извори во Германија минатата недела изјавија дека ќе дадат зелено светло за тенковите „леопард“ доколку САД се согласат да испратат тенкови „абрамс“ во Украина.

Притисокот врз Германија и останатите сојузници дополнително го зголеми и најавата на британскиот премиер Риши Сунак дека Велика Британија ќе и достави на Украина тенкови „челинџер 2“.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Над 3,5 милиони денари инвестирани во градинката „Весели Цветови“ во Кисела Вода

Следно

Продолжуваат оставките и разрешувањата на функционери во Украина

Latest from Blog

Надзор во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција

Со одлука на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, сите јавни обвинители од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска вршат контрола во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и

Зголемување на старосната граница за заминување во пензија е штетна и ние во целост ја отфрламе, вели потпретседателката на СДСМ Кристина Костова.

Ваква мерка ќе придонесе за дополнителна дестимулација за вработување на младите, кои поради неповолните услови за пензионирање, уште повеќе ќе си го бараат чарето надвор од државата. Политичките одлуки на ДПМНЕ имаат

Сомнителна кеса со плински боци и запалива течност пред објектот на Фондот за социјално осигурување во Атина

Мали плински боци и шишиња со запалива течност, содржела сомнителната кеса што утрово беше пронајдена пред објектот на Фондот за социјално осигурување во атинска населба, по што беа евакуирани вработените и затворена
Go toTop