Стојаноски: Дали власта ги измени тендерските услови за Коридорите 8 и 10д да го намести 22 милионскиот тендер за Ептиса?

March 5, 2023
1 min read

Денес ќе откриеме нови детали, кои отвораат сомнеж дека Ковачевски и Груби го местеле тендерот за надзор на изградбата на Коридорите 8 и 10д. Откако министерството за транспорт и врски дава потврда на ЕПТИСА за надзор при изградба, по веќе претходна забрана од страна на владата, за што зборувавме вчера, сега ќе обелодениме информации како се менувани условите во тендерската постапка, за на крај ЕПТИСА да биде фирмата која ќе ги исполни и ќе го добие тендерот, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-7 дена пред истекот на рокот за поднесување на понудите од страна на заинтересираните фирми за вршење на надзорот тежок 22 милиони евра, власта го продолжува рокот од 17.10.2022 на 25.10.2022, односно за цели 8 дена.

Ова не е единствена измена, покрај продолжување на рокот за поднесување, е изменет и условот со кој се бара понудувачот да приложи Извештај за билансна состојба и податоци од биланси за 2019, 2020 и 2021 година, кои треба да бидат позитивни и да бидат издадена од странска реномирана институција, регистрирана за вршење на ревизија. Со измената се брише позитивни и се бараат само билансни состојби, но не и повторувам позитивни, туку тие може да бидат и негативни, т.е. фирмата која ќе го земе 22 милионскиот тендер за надзор владата смета дека може да биде и во загуба 3 финансиски години по ред.

Сомнежите се дека овие измени се направени за фирмата ЕПТИСА, која и го добива тендерот од 22 милиони евра, бидејќи според податоците до кои дојдовме истата во 2019 година работела со загуба од 6.7 милиони евра, 2020 година со 6.9 милиони евра, а 2021 година со 8.5 милиони евра минус.

Со менувањето на условот понудувачите да не треба да имаат позитивни биланси последните 3 финансиски години, се отвора можност фирмата ЕПТИСА да учествува. И истата таа на 01.12.2022 е избрана како добитник на тендерот тежок 22 милиони евра.

Дали владата смета дека на тендер од 22 милиони евра за надзор не може и нема да се јават фирми со позитивни биланси, па мора да овозможи на истиот да се јават и загубари? Ковачевски и Груби свесно го минираат проектот за изградба на автопати со фирми и бизнис шеми со фирми во загуба, со сомнителни средства и текови.

Дали тендерските услови се менувани токму за ЕПТИСА? Дали владата мести тендер и зошто?

ЈО не смее да молчи. Одговори веднаш, додава Стојаноски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Продолжија масовните протести во Грција по железничката несреќа што однесе 57 човечки животи

Следно

Духот на Сараево лебдеше над Скопје

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop