Стоилковски: Ковачевски е слуга на интересите на Али Ахмети

January 10, 2023
1 min read

Средбата во Тирана е само обид за спас на власта во заминување, средба за спас на кариерите и бизнисите на ДУИ и на неколкумината околу Димитар Ковачевски! Димитар Ковачевски е слуга на интересите на Али Ахмети. Кариерата на Ковачевски се состои во исполнување на желбите и барањата на Али Ахмети. Затоа сега Ахмети му фрла гума за спасување на политичката кариера на Ковачевски, а за кусо време ќе го видиме и вториот слуга Димче Апасиев, како само на зборови и без дела ќе глуми патриот, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Оваа тиранска средба се случува токму на барање на СДС и на Димитар Ковачевски за да добијат помош за продолжување на мандатот на оваа Влада, а за возврат да се реализираат политики и агенди на штета на Македонија и на македонскиот народ. Потврда за тоа е молкот од СДС, од Ковачевски и од Зечевиќ за оваа средба, односно премолченото одобрување, без да се постават јавно прашањата какви агенди и план разработен на оваа средба ќе добијат на маса? А, резултатот од ваквата средба, резултат во таа агенда не може да биде ништо поразлично, ништо подобро, од познатото „како до сега“, посочи тој.

Стоилковски истакна: „Одлуките за Македонија мора да се носат во Македонија и по промената на власта една од првите работи што ќе ги направиме е да прекине оваа пракса за Македонија да се одлучува надвор од Македонија“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Сијарто: Безбедносните предизвици на ЕУ ги засегаат и Србија и Унгарија

Следно

Фото: Топанско поле доби нов видиковец

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.

Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба
Go toTop