Стоилковски: Дали едно од огласените три места за ЈО во Гостивар е резервирано за синот на Талат Џафери?

1 min read

Советот за јавни обвинители мора да одговори дали едно од огласените три места за јавен обвинител во Гостивар е резервирано за Барлет Џафери, синот на Талат Џафери?
Согласно огласот од втори март, Советот бара Јавни обвинители за повеќе основни јавни обвинителства, меѓу нив и за Гостивар каде се бараат тројца. Наведено е дека покрај законските условите од Законот за јавно обвинителство, за јавен обвинител во основно јавно обвинителство може да биде избрано лице кое има завршено обука утврдена со Законот за Академија за судии и јавни обвинители, рече на денешната прес-конференција портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Синот на Талат Џафери е објавената листа на завршниот испит во Академијата, и иако не е расчистен случајот како тоа полагал правосуден испит пред воопшто да дипломира, сега се верува дека ќе биде еден од тројцата новопримени во гостиварското јавно обвинителство. ДКСК не даде конкретен одговор, како е можно да се полага правосуден испит предвреме, ниту пак се отвори предмет за тоа, а нема одговори ниту дали е точно дека, цитирам медиуми, „Џафери добил право да го полага правосудниот испит со дискрециона одлука на тогашниот министер Аднан Јашари“, затворен цитат? Дали сега и вработувањето и изборот на Барлет Џафери ќе биде нечија дискрециона одлука? Затоа, повторувам, Советот за јавни обвинители мора да одговори дали едно од огласените три места за јавен обвинител во Гостивар е резервирано за Барлет Џафери, синот на Талат Џафери? Праша Стоилковски.

Во време кога довербата во правосудството е на минимум, криминалот и корупцијата цветаат, а наместо право и правда, судско обвинителскиот систем го тресат скандали, од изборот на Ислам Абази, преку изборот на Весна Дамева во Судскиот совет, до делење на места во правниот систем по принцип на наследство и партиска моќ. Со евентуален избор на лице со низа скандали зад себе, како Барлет Џафери, за јавен обвинител во Гостивар, Советот директно ќе учествува во пад на довербата во судството, додаде тој.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Аероклубот Скопје со повик до старите членови

Следно

Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Никој не презема одговорност за трајното уништување на заштитеното културно наследство

Latest from Blog