Стејт департментот со критики до Вучиќ поради неговите навреди кон поранешниот шеф на мисијата на ОБСЕ на Косово, Едвард Џозеф

January 10, 2023
2 mins read

Со објавата на Стејт департментот споделен е и твит на самиот Џозеф, во кој тој наведува дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во гостувањето на една од српските телевизии на 30 декември, упатил сериозни, неосновани обвинувања против него

Во демократски општества нема место за валкани методи против граѓаните, како оние што се користат против Едвард Џозеф, објави на Твитер одделот за Европа и Азија на американскиот Стејт департмент, како одговор на навредите на спрскиот претседател Александар Вучиќ искажани кон американскиот предавач на универзитетот Џонс Хопкинс и поранешен заменик-шеф на мисијата на ОБСЕ на Косово. 

Заедно со оваа објава e споделена и објава на самиот Џозеф на Твитер, во која тој наведува дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во гостувањето на една од српските телевизии на 30 декември, упатил сериозни, неосновани обвинувања против него,  

 Во соопштението на Стејт департментот се додава и дека независните гласови и граѓанските организации промовираат одговорност и транспарентност. 

 „Ги цениме оние кои градат мирно општество на Западен Балкан“,

велат од Стејт департментот. 

Со твитот е споделена и фотографија на Џозеф во друштво на Габриел Ескобар, заменикот-помошник секретар во Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот. 

 Минатата недела, како гостин на ТВ Прва, Александар Вучиќ го нарече Џозеф „албански бот“ поради она што американскиот професор и дипломат го кажа претходно истиот ден во интервју за регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ). 

Нарекувајќи го Џозеф „гад“, Вучиќ во интервјуто во студиото на српската телевизија изјави дека овој познавач на состојбите на Балканот добива „многу пари од албанското лоби“. 

 Ваквото тврдење претседателот на Србија не го поткрепи со докази. 

Инаку, Џозеф во интервјуто за РСЕ, меѓудругото, Џозеф зборувајќи во контекст на барикадите што групи локални Срби ги користеа за да ги блокираат патиштата на северот на Косово речиси три недели, рече дека Вучиќ „манипулира со САД и ЕУ“. 

 Тој изјави и дека мирот на Косово, по напуштањето на барикадите, ќе трае „додека Александар Вучиќ не одлучи дека повторно му треба криза на Косово“. 

По обвинувањата на Вучиќ, тој преку Твитер одговори дека станува збор за „целосно лажно тврдење“ за наводните финансиски врски меѓу него и „албанското лоби“. 

„Вучиќ нема докази за да ги поткрепи неговите сериозни обвинувања бидејќи таква врска нема и никогаш не постоела. Моите ставови се производ на десетгодишна работа на терен – во сите конфликти на Балканот, вклучително и воените години“, напиша Џозеф на Твитер. 

 Тој додаде дека Вучиќ со навредите упатени кон него уште еднаш го покажал својот карактер. 

 „Непристојно“ е љубезен српски збор за лошото однесување на Вучиќ. Дипломатите треба да ја почитуваат функцијата на претседателот на Србија. Нејзиниот носител? Не толку“, посочи Џозеф. 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Капитенот на Франција се прости од репрезентацијата

Следно

Најмалку 17 загинати во немири во Перу

Latest from Blog

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,
Go toTop