Стартува кампањата „0% корупција – ајде да е вистина!“

June 12, 2025
1 min read

Со овие и слични пораки стартува кампањата „0 % корупција -ајде да е вистина“, за зголемување на свеста кај граѓаните, колку е важно да се пријавува и преземаат активни чекори во борбата против оваа негативна појава која што ја има насекаде околу нас.

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, потенцира дека институциите даваат силна поддршка на кампањата, кој додаде дека граѓаните не ја пријавуваат бидејќи немаат доверба во институциите, а тие пак кои ја пријавуваат најчесто сакаат да останат анонимни. 

Мојца Кузмички експерт за антикорупција и перење пари од промоцијата на кампањата порача дека главен фокус на проектот е да се зголеми довербата на луѓето кон институциите, но и охрабрат да пријавуваат корупција.

Кампањата „0 отсто корупција ајде да е вистина“ е дел од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, што се спроведува во соработка со Министерството за внатрешни работи. Афирмацијата на иницијативата ќе се спроведува преку промо видеа со помош на социјалните медиуми, медиумски платформи и со поддршка од влијателни јавни личности, како би дошла до поголема маса на луѓе.  

 

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Училиште во Селце со средновековни услови – новата зграда почна да се гради, но сѐ уште не е завршена

Следно

Сиљановска-Давкова ги прими шпанскиот амбасадор и претставниците на ОН и УНДП во пресрет на Конференцијата во Севиља

Latest from Blog

6 активни пожари во Македонија

Центарот за кризи информира дека на територијата на Република Северна Македонија моментално се евидентирани вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои: Активни пожари (6 локации): Општина Василево, Радовиш и Берово –

Претседателот на ССМ обвинува дека МИА цензурирала пренос од седница на Економско-социјалниот совет

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, денеска на социјалните мрежи упати сериозни обвинувања кон Медиумската информативна агенција (МИА) дека извршила цензура врз изјавите на синдикалните претставници дадени по

СЗО прати 10 камиони со медицинска помош во Газа поради зголемените здравствени потреби

ЖЕНЕВА (АА) – Светската здравствена организација (СЗО) прати 10 камиони со неопходни медицински материјали во Појасот Газа, објави денес шефот на организацијата, Тедрос Аданом Гебрејесус, јавува Анадолу. „СЗО прати 10 камиони од

По изгласаната интерпелација, Владата очекува оставка од републичкиот обвинител!

По вчерашното изгласување на интерпелација за државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски тој денеска не се огласи со став за изгласаната недоверба и за тоа како ќе постапи. Иако самата интерпелација не значи
Go toTop