Стапи во сила забраната на Русија за продажба на нафта на земји кои ја ограничија цената

1 min read

МОСКВА (АА) – Денеска стапи на сила забраната на Русија за испорака на нафта на земјите и компаниите кои го почитуваат ограничувањето на цените наметнато од Западот, јавува Анадолу.

Уредбата, потпишана од рускиот претседател Владимир Путин на 27 декември, забранува снабдување со руска сурова нафта и нафтени деривати во сите фази доколку договорите директно или индиректно се придржуваат до ограничувањето на цената.

На почетокот на декември, групата Г7, ЕУ и Австралија се согласија на ограничување на цената од 60 долари за барел руска сурова нафта, како одговор на војната на Москва против Украина.

Забраната ќе биде на сила пет месеци, со исклучок во случаи на посебна дозвола од претседателот.

Компаниите извозници треба да доставуваат месечни информации до царинските власти за склучените договори и цени, како и податоци за мониторинг на непримена на ограничувањето на цената од страна на крајниот купувач.

Доколку царинските власти откријат користење на ограничувањето на цената, транспортот на енергетските ресурси ќе биде прекинат.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Трагедија во Аеродром: Работник паднал од објект и загинал на лице место

Следно

Тепачка меѓу двајца мажи на Бит Пазар

Latest from Blog