ЗЕЛЕНСКИ ЧЕКА СВИЛЕН ГАЈТАН ОД ВАШИНГТОН, се е подготвено за негов крај

August 21, 2026
3 mins read

Во серијата смени на воениот врв кои се случуваат на секои неколку месеци, последната може да го чини скапо украинскиот претседател Зеленски.

Имено, тој го смени министерот за одбрана Федоров кој е омилен во јавноста поради ставањето на технологијата пред насиланата регрутација. Повеќе технологија на фронтот а помалку луѓе, беше неговиот план. Но, технологијата која треба да замени дел од војниците се плаќа со пари, а парите во касата ги снемува поради масовна корупција во државниот врв. И, тука настанува конфликтот.

Изјавата на разрешениот министер за одбрана Михајло Федоров дека Украина треба да распише избори предизвика бура и демонстрации сред војна во земјата против неговата смена.

Федоров беше еден од најблиските соработници на Володимир Зеленски и ова сигурно ќе влијае на украинскиот претседател, но шансите желбата на Федоров да се оствари во моментов се доста мали, објаснува за „Јутарњи лист“ поранешниот хрватски амбасадор во Москва, Божо Ковачевиќ.

Сепак, едно нешто може да биде еден вид пресвртница, а тоа е средбата меѓу Федоров и Доналд Трамп. Тоа би бил “свилен гајтан“, пресуда за Зеленски.

„Ако тоа се случи, без оглед на тоа што двајцата би можеле да разговараат, тоа би бил огромен и, пред сè, сериозен удар за Зеленски“, истакна тој, а потоа додаде:

„Знаеме дека Трамп и Зеленски не се во добри односи и знаеме дека Федоров ја повтори тезата што Трамп ја изнесе одамна: дека претседателот Зеленски е нелегитимен и дека роковите на неговиот мандат се истечени“.

„Киев Индепендент“ веќе објави дека Федоров размислува за патување во Соединетите Држави, што би можело да се случи веќе следната недела.

Поранешниот хрватски амбасадор во Русија, исто така, потсетува дека украинскиот парламент ќе мора да го промени Уставот и законот за да дозволи одржување избори во вонредни околности.

Но, бидејќи мнозинството во парламентот го држи партијата на претседателот Зеленски, која му е лојална, Ковачевиќ заклучи дека распишувањето избори во краен случај повторно зависи од Зеленски.

“Очигледно е дека сме сведоци на политичка криза во Украина која ја иницираа некои кругови на Запад кои не се задоволни од Зеленски и би сакале промени во Украина“.

Според него, постојаната појава на случаи на корупција и истрагите не се случајни и многу веројатно не е само последица на дејствувањето на антикорупциските тела во Украина.

„Врховната рада (Собранието) , по предлог на претседателот на државата, се обиде да ги намали надлежностите или да ги укине независните агенции за борба против корупцијата, поради што Зеленски наиде на силен отпор од Западот. Сето ова зборува за кризата на моќта во Украина, но и за фактот дека демократската свест се вкорени поцврсто во украинската јавност“, вели Ковачевиќ.

На прашањето кои кругови од Западот ја иницираа политичката криза, амбасадорот посочува една од можните – Полска.

Полска драматично и остро реагираше за афирмирање на нацистичките движења и поставување споменици во Украина на нацистчки соработници од Украина кои се бореа против Советскиот Сојуз за време на Втората светска војна, но ги истребуваа Евреите и Полјаците заедно со Германците.

Исто така е можно, објаснува тој, дека на некои политички кругови во ЕУ не им се допаѓа фактот што донесувањето одлуки во Брисел многу зависи од Украина.

Зеленски воведува генерал во врвот на владата: Нов човек за одбрана на Украина

„Со некои од неговите постапки и немерливи изјави, а во овој контекст неговиот обид да ги укине антикорупциските агенции е сè уште клучен, претседателот Зеленски предизвика вознемиреност во политичките кругови на земјите кои инаку безрезервно ја поддржуваат Украина, објаснува Ковачевиќ.

Исто така, како што додава, во Украина имаше бран незадоволство со разрешувањето на Федоров.

Изјавата на Федоров за изборите и политичката ситуација во Украина, за која вели дека би можела да остане ваква со години, одговара на расположението на растечкиот број украински граѓани кои јасно сакаат промени, истакнува Ковачевиќ.

„Во време на војна, граѓаните редовно се хомогенизираат околу властите, а претседателот Зеленски сè уште ужива доверба кај голем дел од граѓаните. Но, доколку се отвори изборна кампања, можно е некои од неговите потенцијални противници, особено генералот Залужни, а можеби и сега Федоров, да постигнат исто ниво на популарност“, рече Ковачевиќ.

Освен генералот Валериј Залужни, и шефот на претседателскиот кабинет, Кирило Буданов, ужива високо ниво на доверба од граѓаните но, демонстрациите против Зеленски за кусо време предизвикаа промени на јавното мислење пред се во Киев, а тоа веќе се шири во помал обем и во дрги поголеми украински градови.  

Ситуацијата на фронтот последните два-три месеци кога Русија презема повеќе од 20 населени места долж фронтот а не загуби недно оди на штета на Украина што дополнително го подрива статусот на Зеленски. Масовни се и дезертерствата.

Според анализи на податоците и стручни проценки само за оваа, 2026-та година, регистрирани помеѓу 150.000 и 200.000 случаи на дезертерство и неовластено отсуство од единици (AWOL), додека некои извештаи покажуваат дека вкупниот број на овие случаи достигнува до 400.000, а трендот продолжува и понатаму.

Популарноста на Федоров забележително организирано и пофално се реди во водечките западни медиуми, што е лош сигнал за Зеленски.

Ткму кога се демонстрира против Зеленски, а сменетиот министер Федоров бара итни претседателски избори, пукнаа нови корупциски сканал во Украина. 

Украинската полиција го уапси раководителот на Територијалниот центар за регрутирање и социјална поддршка на Николаевската област, додека примал 10.000 долари нелегални бенефиции за помагање во избегнување на мобилизација, објави главниот обвинител Руслан Кравченко. Многу чувствителна тема кога јавноста се буни за насилните регрутации со собирање регрути по улици, кафеани или од работа.

Специјланото обвинителство за орба против корупција, силно поддржано и заштитетно од САД, изврши претрес во просториите на претседателството и утврди голема корупција со перење пари поради која веднаш е сменета Ирина Мудра, заменик-шефица во Кабинетот на Зеленски. Човек од врвот, и од негова голема доверба.

Кругот околу Зеленски се стеснува, досега четворица негови блиски соработници се сменети и уапсени, се налауват парите и оружјето од Запад додека дома почнува да му врие. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Канали, гробишта, и септички јами како ризик фактор за справување со комарците

Latest from Blog

Канали, гробишта, и септички јами како ризик фактор за справување со комарците

Регистрирани 43 случаи на западнонилска треска, 40 се лабораториски потврдени, додека три се суспектни. За разлика од претходните извештаи на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), за првпат има потврдени случаи во општините

ВЛЕН: ДУИ ја загуби довербата од Албанците, предвремените избори ќе бидат последниот удар

ВРЕДИ остро реагираше на повикот на ДУИ за предвремени парламентарни избори, обвинувајќи ја партијата на Али Ахмети дека и по поразот на локалните избори не презела политичка одговорност. Од ВРЕДИ велат дека

За Тони Крос нема дилеми кој треба да ја добие “Златната топка“: Тој во моментов е најдобар во светот!(ФОТО)

ФОТО: Real Madrid FC/X Доделувањето на “Златната топка“ ќе се одржи на 26 октомври во Париз, а во претходните недели се водеше голема полемика околу тоа кој ќе ја освои. Минатата година,

Волмарт добива 3 милијарди долари поврат од царините на Трамп, најавени се попусти

 Најголемиот американски малопродажен ланец објави дека ќе користи рекордни 2,9 милијарди долари поврат за да ги намали цените и да го поттикне купувањето, објавува „CNN“. Компанијата објави нето добивка од 6,4 милијарди

Полни маси, празен џеб

Речиси секој угостител вели дека прометот е рекорден, а профит сепак нема. Тефтер е иновативен POS систем што покажува каде оди заработката и расте заедно со локалот – од мало кафуле до
Go toTop