Стабилна состојба на реките по обилните врнежи, се расчистуваат мостови

November 22, 2025
1 min read

Центарот за управување со кризи информира дека според известувањата од сите регионални центри, состојбата со водостоите на реките на територијата на Македонија до 13 часот денеска е стабилна.

Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане нема излевање на реките, а нивото на реката Пчиња е во опаѓање. Во Крива Паланка, Ранковце и Кратово нема поплавени куќи, иако водостојот на Кратовска и Крива река е зголемен, но под контрола.

Во Охрид се регистрирани поплавени подруми и дворови во помал обем, но по престанокот на врнежите состојбата се смирува. Екипите работат на расчистување на каналите и коритата. Во Битола и Ресен нема нови излевања, реките се во своите корита, а теренските екипи продолжуваат со расчистување на мостови и пропусти.

Во Скопје, Струмица, Штип, Велес, Тетово и северозападниот регион состојбата е стабилна, без излевање на реките, а ситните одрони се отстрануваат од страна на надлежните служби.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Костовски ги отфрла обвинувањата на ДУИ: Денот на Албанската Азбука е одбележан во секое училиште во општината

Следно

Ова е најпопуларниот зимски маникир, боја која ќе ја одбележи празничната сезона

Latest from Blog

Ова е најпопуларниот зимски маникир, боја која ќе ја одбележи празничната сезона

Судејќи според најновите трендови, зимската сезона на нокти е во полн ек. Температурите паѓаат, а прогнозата дури најавува и можност за снег, што за љубителите на убавина значи само едно: време е

Костовски ги отфрла обвинувањата на ДУИ: Денот на Албанската Азбука е одбележан во секое училиште во општината

„По експресното задушување на ‘востанието’ на ДУИ, Али, оџата со желба да стане политичар, Фуки, криминалците што чекаат да градат згради во Бутел и некои други структури, ДУИ од отворен шовинизам премина

Меџити: Азбуката е нашата најсилна духовна вредност

Изет Меџити упати честитка по повод Денот на Албанската Азбука, истакнувајќи дека оваа дата претставува еден од најзначајните моменти во процесот на создавањето на албанскиот национален идентитет. Во својата порака, тој нагласи

Сестрата на Роналдо до критичарите: Мојот брат ја носи Португалија на грб веќе 20 години…

Фото: Кристијано Роналдо X Сестрата на Кристијано Роналдо, Катја Авеиро, возврати на критиките упатени кон напаѓачот за неговата посета на Белата куќа, истакнувајќи го неговиот огромен придонес за имиџот на Португалија. Ѕвездата

Уапсен поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро

Поранешниот екстремно десничарски бразилски претседател Жаир Болсонаро беше уапсен денес во неговата вила во главниот град Бразилија, соопшти полицијата. Во соопштението се наведува дека е спроведена потерница за Жаир Болсонаро, одобрена од
Go toTop