Средношколец почина во Скопје, неофицијално причината за смртта е дрога

March 15, 2023
1 min read

Средношколец, матурант од скопската гимназија „Георги Димитров“ завчера починал неофицијално како последица на дрога ставена во пијалок во кафуле. Неговите другар и сооченици, вчера на градските гробиште во „Бутел“ го испратиле Јован во своето вечно почивалиште.  Веста за починатиот матурант на социјалните мрежи ја објави професорката Виолета Ачковска. Во еден од коментари се огласи и мајката на Јован која ја потврди смртта на младиот тинејџер. 

Професорката Ачковска во нејзината објава тврди дека има неколку сомнителни смртни случаи на млади луѓе, ученици, на кои наводно им била ставена дрога во кафуле.

„Дали некој знае дека денес се погребува гимназијалец отруен од дрога ставена во пијалок во кафич. Дали некој знае уште за неколку слични случаи на деца, кои по халуцинација се фрлат од 5-ти спрат и слични самоубиства. Можеби некој знае, но не оваа јавност која се’ уште е „траурна“ од смртта на малата Тамара, нека почива меѓу ангелите“, напиша професорката на социјалните мрежи.

Сузаната Тренчевска, мајката на Јован во еден од коментарите ја потврди информација за смртта, без дополнителни детали за причината.

„Детето е Јован, мојот син, мојот ангел момче кое беше прекрасен син. Нажалост јас како мајка неуспеав да му се најдам тогаш кога најмногу сум му била потребна. Да се биде родител во оваа „држава“ е многу тешко без поддршка на „институциите“. „Институциите“ сигурно ќе го затворат случајот како самоубиство, затоа што така е најлесно. Моја е вината што тоа го дозволив и што останав тука да ги растам децата. За каде? За во Бутел“, пишува мајката на Јован во коментар.

Скопје Инфо побара информација од Министерството за внатрешни работи од каде се очекува повеќе детали за трагичниот случај. Тие треба да дадат и информаци за тоа дали смртта настапила како последица од конзумирање дрога.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Средношколец почина во Скопје, дали причината е конзумирање дрога?

Следно

Жозеп Борел денеска и утре во посета на Албанија

Latest from Blog

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки

Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за
Go toTop