Средба на претседателот Гаши со претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Милер

December 13, 2024
1 min read

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска имаше средба со новоименуваната претставничка на УНИЦЕФ во Македонија, Лесли Милер.

Претседателот ѝ посака срдечно добредојде на Милер и изрази благодарност за 30-годишното партнерство меѓу Република Македонија и УНИЦЕФ. Тој нагласи дека од развојот и напредокот на децата зависи иднината на целата држава.

Претставничката на УНИЦЕФ Милер се заблагодари за досегашната добра соработка со Собранието и го информираше претседателот дека во моментов во соработка со надлежните институции фокусирани се на неколку прашања, а тоа е измената на законската регулатива за образованието, законската рамка за правата на децата, како и поддршка во ревизија на Законот за семејство.

Двајцата соговорници разговараа за препораките што Комитетот на Обединетите Нации за правата на децата ги издал за нашата држава, а кои можат да бидат добра основа за натамошно унапредување на законската регулатива и нејзината имплементација.

Претседателот Гаши информираше дека во Собранието се формирани две Комисии со кои се опфатени прашањата за децата и младите, тоа се Комисијата за образование и Комисијата за социјална политика, демографија и млади, а формиран е и Клубот за младински прашања и политики, како неформално тело во Собранието, чија цел е остварување на интересите на младите, во соработка со младинските организации и неформалните младински групи.

Тој предложи во Собранието да се одржи јавна расправа за препораките на Комитетот на Обединетите Нации, по што низ еден инклузивен процес, во соработка со сите општествени фактори да се започне со суштински и одржливи реформи.

Двајцата соговорници за наредниот период се согласија дека ќе ја интензивираат комуникацијата и заеднички ќе работат на градење на општествен консензус во интерес на правата и благосостојбата на децата.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Рокас: САД презедоа значаен чекор во борбата против корупцијата со ставање на Груби и Беџети на црната листа

Следно

Зеленски вели дека над 80 руски проектили биле соборени поради нападот врз енергетската инфраструктура на Украина

Latest from Blog

Привремено деблокиран судот во Нови Сад

 Студенти и граѓанит кои го блокираа влезот во зградата на Вишиот суд во Нови Сад во претходните пет дена, привремено ја отстранија утрово блокадата за да може судот да донесе одлука по

Франција ја поддржува ревизијата на Договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Израел

ИСТАНБУЛ (АА) – Франција го поддржува преиспитувањето на Договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Израел, изјави денес францускиот министер за надворешни работи за радио Франс Интер, јавува Анадолу. „Ја повикувам Европската комисија

19-годишен матурант пронајден починат во Струмица

Голема трагедија во Струмица. Вчера околу 12 часот на влезот во Струмица, односно позади складот за дрва на Шумското стопанство „Беласица“, на место „Крива река“, бил пронајден починат М.А. (19), матурант во

Рутата на Светите Кирил и Методиј е признание за нивната улога како просветители на Европа

Во организација на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје вечер во 19 часот во Јуроп хаус – Скопје ќе се одржи промоција на две изданија –
Go toTop