Средба на министерот Орхан Муртезани со д-р Афродита Шаља: Се разговараше за продлабочување на соработката во Програма на УНФПА за нашата земја 2021-202

October 7, 2024
1 min read

Денес, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани оствари средба со Шефица на канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија, д-р Афродита Шаља. На состанокот се разговараше за продолжување и продлабочување на соработката во рамките на тековната Програма на УНФПА за нашата земја 2021-2025, согласно Рамката за одржлив развој на ОН 2021-2025.

На состанокот тема на разговор беа и можностите за соработка во рамките на националните ИПА фондови и други клучни прашања поврзани со евроинтеграцискиот процес. Министерот Муртезани се осврна натековните и планирани ИПА проекти и програми комплементарни на областите во кои елува УНФПА. Меѓу нив, вниманието беше ставено на „ЕУ за подобрено здравје, социјална заштита и родова еднаквост“,  проект кој е дел од годишната програма на ИПА за 2022 годинаи од кој се очекува значителнода придонесе во подобрувањето на капацитетите за имплементација, усогласеност и спроведување на законодавството за безбедност и здравје при работа, зајакнување на ефективноста на системот за превенција и заштита на родово и семејно насилство, подобрување на квалитетот на социјалните услуги, и подобрување на капацитетите на државата за големи здравствени закани.

Соговорниците се задржаа и на активностите кои ЕУ ќе ги поддржи преку Повеќегодишната оперативна програма за човечки капитал за периодот 2024-2027 година, која предвидува бројни акции посветени на вработување и мобилност на работната сила,  социјална вклученост и намалување на сиромаштијата. На крај соговорниците е согласија за понатамошно унапредување на партнерството и соработката во насока на зајакнувањето на родовите прашања, младите и нееднаквостите.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Наскоро ќе има договор меѓу МОН и СОНК за платите, најавува Јаневска

Следно

Мицкоски: Планираме да бидеме центар на патните, енергетските и железничките коридори во регионот

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop