Средба на архиепископот Стефан со американската амбасадорка Агелер

January 17, 2023
1 min read

Поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан денеска во Архиепископската резиденција ја прими новата американска амбасадорка во земјава Анџела Агелер, придружувана од претставници од Одделот за политички прашања во Амбасадата на САД во Скопје.

-Неговото Блаженство ја запозна амбасадорката Агелер, со духовниот живот и актуелностите на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во татковината и меѓу иселените Македонци по светот и посакувајќи ѝ успешна дипломатска мисија, изрази надеж дека за време на нејзиниот мандат дополнително ќе се продлабочат пријателските и културните врски помеѓу нашите народи и земји, соопштија од МПЦ-ОА.

На средбата, којашто, како што се наведува во соопштението, поминала во срдечна атмосфера, присуствуваа и епископот хераклејски г. Климент и деканот на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски”, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

10-те најбрутални убиства на Коза Ностра под водство на озлогласениот Матео Денаро

Следно

ПСЖ ќе заработи 10 милиони евра за мечот со ѕвездите на Ал-Наср и Ал-Хилал

Latest from Blog

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop