„Спортуваме за Аеродром“ – илјадници скопјани на одбележување на роденденот на Општина Аеродром

April 8, 2023
1 min read

„Спортуваме за Аеродрoм“ ова саботно утро ги собра граѓаните на Аеродром и скопјани на настанот кој општината го организираше во рамки на одбележувањето на 18 години постоење на Општина Аеродром. Со низа спортски активности, маскоти, училишни точки, презентација на полицијата и војската денес во паркот „Авионче“ општината Аеродром го одбележа својот роденден.

„Денешниот настан е уште еден потврда дека Општина Аеродром е најспортска, најзелена и најурбана општина. Тоа е реалност која ние во континуитет ја градиме и одржуваме. Истовремено ние сме локална самоуправа која инвестира во спортот, здравиот живот и правилниот развој и раст на најмладите.

Се радувам што во толкав голем број, денес сите заедно одбележавме еден важен датум за нашата општина. Во текот овој месец, продолжуваме со низа инвестиции и проекти за поубава, поспортска и позелена општина“, истакна градоначалникот Муцунски во својата објава.

Инаку, денешниот настан освен спортско – рекреативен и забавен карактер имаше и хуманитарен карактер. Во негови рамки присутните имаат можност да донираат средства за младиот Никола Ѓорѓиев.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ загрижена поради ескалацијата на насилството во Израел, Палестина и Либан: „Ова мора да запре“

Следно

Вооружени напаѓачи киднапирале најмалку 80 луѓе во северозападна Нигерија

Latest from Blog

Нептун во Овен носи нова духовна ера

Со влезот на Нептун во Овен на 26 јануари 2026 година, започнува длабок и долготраен колективен пресврт. По децении во Риби, каде духовноста беше поврзана со повлекување, жртва, магла и бегање од

Божиновска: Соларната енергија – темел на енергетската транзиција во Македонија

26 јануари – Меѓународниот ден на чистата енергија Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја потенцира важноста на соларната енергија за одржлив развој на земјата. „Македонија има сонце. И има потенцијал“,

Внимавајте кога пребарувате на “Google” за здравје: Еве кој најчесто ви одговара на важни прашања

Функцијата за пребарување на „Google“ под име „AI Overviews“ го цитира „YouTube“ повеќе од кој било медицински веб-сајт кога одговара на прашања за здравствени состојби, покажува најновото истражување. Компанијата „Google“ соопшти дека
Go toTop