Спасувачите од САД го пофалија гостопримството на турскиот народ дури и за време на акциите по разорните земјотреси

February 21, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американските спасувачи штом се вратија дома во САД по хуманитарните напори во Туркије, го пофалија гостопримството на луѓето погодени од неодамнешните земјотреси, јавува Анадолу.

Говорејќи пред новинарите во Вирџинија, Кристи Бартлет, која е ракувач со кучиња што работи за Одделот за пожари и спасување на округот Ферфакс, ги нарече луѓето во Туркије „неверојатни“.

„Сите беа многу пријателски настроени кон нас и со кучињата. Луѓето беа многу дарежливи. Сите си делеа вода еден на друг и едноставно сите беа навистина неверојатни“, рече таа.

Бартлет и нејзиното куче спасувач, Иван, беа дел од групата американски спасувачи кои слетаа во Туркије на 8 февруари за да се приклучат на хуманитарните напори по двата силни земјотреси на југот на земјата.

Тие се вратија дома синоќа и беа пречекани на церемонија по нивната работа во Адијаман, една од 11-те области погодени од земјотресите на 6 февруари.

Повеќе од 41.000 луѓе загинаа во двата земјотреси со епицентар во Кахраманмараш, со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала.

Бартлет рече дека нејзиниот тим соработувал со турската војска и со невладините организации, велејќи: „Сите беа фантастични.“

Таа рече дека имало луѓе во секоја урната зграда во која отишле, додавајќи дека сите им биле многу благодарни на спасувачите и им била потребна нивната помош.

– Гостопримство кај лицето во загуба

Ендрју Џонсон, специјалист за хазмат, бил двапати во Истанбул, но рече дека овој пат претставувало предизвик да се биде во Туркије за хуманитарните напори по земјотресите.

„Ова беше многу тешко да се искуси. Можам да замислам дека е многу потешко за народот на Туркије“, изјави Џонсон на новинарите по церемонијата за пречек.

Џонсон рече дека дожиевал многу значајни моменти за време на неговата мисија во Адијаман, но „најголемото нешто“ било гостопримството на турскиот народ „дури и во тие моменти“, мислејќи на последиците од земјотресите.

„Тие беа гостопримливи луѓе кои нудеа храна и бесплатни пијалаци, нудеа ресурси, помагаа. Никогаш не сум ја доживеал таа тежина на загуба.“

„И не можев да замислам како да реагирам гледајќи ги како нѐ служат, додека ние им служиме на нив. Беше навистина трогателно“, додаде тој.

Пол Серзан, специјалист за К9 и дел од Одделот за пожари и спасување на округот Ферфакс, рече дека видел голема вклученост на заедницата за време на напорите за помош.

Тој го нарече турскиот народ „многу отпорен“ во лицето на оваа катастрофа предизвикана од земјотресите.

„Имаше луѓе кои готвеа на страна на улицата за маса луѓе. Имаше шишиња со вода насекаде. Имаше луѓе кои се обидуваат да си помогнат еден на друг“, рече Серзан, кој исто така рече дека луѓето помогнале во насочување на спасувачите за да ги спасат своите сакани, оние под урнатините.

Речиси 90 членови на одделот се вратија дома по спасувачката мисија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Туркије: Продолжува лекувањето на 1.214 жртви од земјотресот донесени во Истанбул

Следно

Ќе се отвори Народна кујна во Маџир Маало, најави Герасимовски

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop