Спасовски најави поставување камери во поголемите градови

October 20, 2023
1 min read

реклама


 Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на СВР Велес најави поставување на камери во поголемите градови во државата. Тој на прашањето дали и во Велес ќе може да се постават камери на јавните површини и паркови со цел да се спречат вандализмите на поединци врз урбаната опрема, рече дека во рамките на проектот „Безбеден град“, кој веќе успешно се реализира во три градови во државава, ќе се реализира и во Велес, а иницијатива до МВР треба да поднесе Општината.

Министерот Спасовски најави дека проектот, односно системот на МВР преку кој се реализира овој проект треба да се надгради со тоа што и сообраќајните казни и прекршоци ќе бидат електронски, а проектот да се прошири и на автопатиштата во државата.

реклама

Тој потсети дека МВР во Прилеп изгради објект за Центар за спречување на катастрофи којшто е поврзан со оптика и при градење на тој објект оставиле можност за дирекно поврзување и со СВР Велес и останатите во државава,а со оптика којашто е клучна за добрата конекција.

– Идејата којашто треба да продолжи со реализација, е поголемите градови во државата преку изградбата на проектот да се поставуваат камери, појасни Спасовски.

реклама

Тој информира дека во заштитата на урбаната опрема камери на јавните површини веќе има во три градови во државава, а во кои Општината презема иницијатива за поставување камери за заштитата на урбаната опрема.

Спасовски го посочи Кавадарци како еден од примерите кој е дел од Секторот за внатрешни работи од Кавадарци.

реклама

– Ние ќе стоиме на располагање доколку се изрази барање за техника и друга помош за да им помогнеме на локалните самоуправи за тоа да го реализираат, најави Спасовски.

Воедно, појасни дека што се однесува за сообраќајот тоа е обврска на МВР и тоа се прави на централно ниво.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Активистката Грета Тунберг започна штрајк за поддршка на Палестина

Следно

Сфаќа ли ЕУ каде ја утна со имиграцијата?

Latest from Blog

Трајановски: Обезбедени се 44 милиони денари за санација на регионален пат

Денеска заедно со градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев, Претседателот на Совет Стојанче Рамов, заменик директорот на ЈП Македонијапат Александар Шуковски и стручниот тим од ЈПДП извршивме увид во градежните активности на

Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција

Албанскиот премиер Еди Рама на седница на Националното собрание на Социјалистичката партија ја претстави првата министерка во историјата, креирана со вештачка интелигенција, наречена Диела. Рама, кој го почнува својот четврти мандат, изјави

Синот на Роналдињо потпиша за Хал Сити

фото: Hull city (X) Синот на бразилската фудбалска легенда, Роналдињо денеска потпиша за англискиот клуб Хал Сити. Клубот од Чемпионшип, кој се наоѓа на 17-то место на стартот на сезоната, се договори
Go toTop