Спасовски: Главниот осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска фатен во Туркије, започната постапка за екстрадиција

December 6, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, Оливер Спасовски, соопшти дека Љупчо Палевски – Палчо, главниот осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, вечерва е фатен во Туркије, јавува Анадолу.

„Што туку е добиено известување од колегите од пријателска Туркије дека креаторот, планерот, главниот координатор и директниот извршител на овие кривични дела е фатен и лишен од слобода на нивна територија, идентично на нашите оперативни сознанија во врска со патеката на движењето на осомничениот“, рече министерот.

Спасовски, кој на прес-конференцијата покажа и фотографии од Палевски, фотографиран од турските власти, рече дека тој со автомобил бил однесен во Србија, по што преку Бугарија отпатувал во Туркије, каде што бил фатен од турските власти во градот Баликесир. Министерот најави дека е започната и постапката за негова екстрадиција.

Тој упати благодарност до Туркије за соработката, но и до Србија и Бугарија на чии територии се движел осомничениот, како и на Хрватска која самоиницијативно пријавила дека извршила проверки на нејзина територија.

„Денеска сите ја чекавме кривичната пријава за петте лица што ја објавивме вчера и сега можам да соопштам дека е составена на повеќе од 100 страници со докази и е доставена до Јавното обвинителство. Во неа се вклучени пет лица, едно за киднапирање и убиство, три за киднапирање и соизвршување и едно за помагање. Од овој момент предметот е во надлежност на Јавното обвинителство“, нагласи Спасовски.

Со исклучок на Палевски, кој вечерва беше приведен во Туркије, останатите четворица осомничени за убиството на Вања Ѓорчевска вечерва се испратени во Основниот кривичен суд во Скопје, каде судијата на претходна постапка ќе треба да одлучува по предлогот на Јавното обвинителство за продолжување на мерката притвор.

Четири лица се осомничени за убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска, додека таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски, наводно споделил информации со останатите осомничени за нејзиното излегување од дома.

Останатите тројца осомничени се Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои се дел од партијата „Десна“ на првоосомничениот Љупчо Палевски – Палчо, по кого е распишана меѓународна потерница.

Малолетната Вања е пронајдена мртва на 3 декември во близина на Скопје, додека на 27 ноември е прогласена за исчезната по пријавата на нејзината мајка.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

MARKETING

MARKETING

Претходно

Љупчо Палевски-Палчо е уапсен во турскиот град Баликесир

Следно

Одреден 30-дневен притвор за четворицата осомничени

Latest from Blog

Зголемен интензитетот на сообраќај, на „Табановце“ и „Богородица“ се чека до 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна време на чекање на

УЕФА дели казни

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) казни неколку клубови поради непочитување на прописите поврзани со финансискиот фер-плеј. Барселона, Челзи, Астон Вила, Рома, Лион и Хајдук Сплит не ја избегнаа казната од УЕФА за нерегуларности

Сончево и многу топло, температурите над 40 степени – не излегувајте од 11 до 17 часот!

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе
Go toTop