Спасена тинејџерката која паднала во дол во близина на Струмица

1 min read

Полицајци, пожарникари и лекари учествувале во извлекувањето на 16 годишно девојче кое паднало во дол во близина на струмичкиот манастри Свети Илија. Девојчето е извлечено и пренесено во струмичката болница со повреди на главата, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.

Вчера околу 20.30 часот на 112 е добиен повик од возрасна жена која известила дека нејзината малолетна ќерка е падната во увала во близина на манастирот Свети Илија над Струмица но не ја знае точната локација. Воедно известила дека ќерката има повреди на главата. Оттаму велат дека повикот за помош на 112 прво го упатила мајката која не знаела за точната локација, и по совет од операторите се јавила ќерката.

„Операторите преку системот на 112 ја утврдиле точната локација, а оперативците од Секторот за операции и координација од ЦУК итно ги известиле СВР Струмица, ТППЕ Струмица и Итната медицинска помош од Струмица. Сите посочени екипи веднаш излегле на терен, ја пребарале посочената локација и откако најпрво викајќи оствариле гласовен контакт со повреденото и исплашено лице набргу потоа успеале да ја најдат“, се вели во соопштението на Центарот за управување со кризи.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Календар на МПЦ: Утре е Слегувањето на Светиот Дух- Педесетница (трет ден), се празнуваат и овие светители

Следно

Фидан: Ердоган планира разговор со Путин во Казахстан

Latest from Blog