Советот за безбедност на ОН најостро го осуди терористичкиот напад врз ТУСАШ

1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) најостро го осуди терористичкиот напад врз ТУСАШ и истакна дека одговорните за нападот, неговите финансиери и поддржувачи треба да сносат одговорност, известува Анадолу.

15-члениот СБОН издаде писмено соопштение во врска со терористичкиот напад на објетот на ТУСАШ во Кахраманказан.

Во соопштението се наведува дека членовите на Советот за безбедност на ОН изразиле сочувство до семејствата и роднините на загинатите, до турскиот народ и владата, а на повредените им посакуваат брзо закрепнување.

„Членовите на СБОН укажуваат дека тероризмот во сите негови форми и манифестации е најсериозната закана за меѓународниот мир и безбедност. Во соопштението се наведува дека терористичкиот напад врз ТУСАШ е најостро осуден и дека одговорните за нападот, неговите финансиери и поддржувачи треба да одговараат.

Во соопштението се посочува дека одговорните за нападот, нивните финансиери, поддржувачи и организатори треба да бидат изведени пред лицето на правдата и се повикуваат сите земји-членки на ефективна соработка со турската Влада во согласност со меѓународното право и резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

Се вели дека сите видови терористички активности се злосторства и немаат никаков легитимитет и се истакнува дека не е важно од кого, каде и за каква цел се извршени.

Во соопштението е наведено дека сите земји членки мора да се борат против тероризмот во согласност со Повелбата на ОН и правилата на меѓународното право, меѓународното право за човекови права и меѓународното хуманитарно право.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Перински: Потегот на Струмица и на Карпош за напуштање на ЗЕЛС ќе има негативни последици за сите останати општини

Следно

УЕФА препознава квалитет: Стефан Ристовски е дел од идеалниот тим за третото коло во ЛШ

Latest from Blog

Фон дер Лајен: ЕУ е со вас

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во рамки на балканската турнеја, веднаш по слетувањето