Советот на министри на ЕУ даде зелено светло за либерализација на визите за Косово

March 9, 2023
1 min read

ПРИШТИНА (АА) – Советот на министри за внатрешни работи на 27-те земји на Европската Унија денеска во прво читање го усвои текстот на одлуката за безвизно патување за оние кои имаат пасоши издадени од Косово, јавува Анадолу.

Марија Малмер Стенергард, министерка за миграција на Шведска, која моментално претседава со ЕУ, рече дека Косово вложило големи напори за подобрување на управувањето со безбедноста и миграцијата и за усогласување на својата визна политика со политиката на ЕУ.

„Се надеваме дека нашата соработка во овие области ќе продолжи да биде плодна“, рече министерката Стенергард.

Во соопштението на Советот на Европската Унија се наведува дека новите правила ќе им овозможат на имателите на косовски пасоши да патуваат во ЕУ без виза во период од 90 дена во кој било период од 180 дена.

„Ослободувањето од условот за виза ќе се применува од датумот кога ќе почне да функционира Европскиот систем за патни информации и авторизација (ETIAS) или од 1 јануари 2024 година, што и да се случи прво“, се вели во соопштението во кое се додава дека новите правила сега треба да бидат усвоени од Европскиот парламент пред да бидат потпишани.

Косово е единствената земја во регионот на Западен Балкан која нема визна либерализација со земјите од ЕУ, кои се во Шенген-зоната.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Видео касети, лаги и 6-ти јануари

Следно

Во Германија двојно е зголемен бројот на лица без државјанство

Latest from Blog

Тројца мажи од група од 50-тина што им се закануваше на Србите во Сплит се приведени, откриен идентитетот на еден од вмешаните во скандалот

Сплитската полиција, неофицијално дознава „Слободна Далмација“, во вторник пронашла и привела тројца мажи за кои се сомнева дека се дел од група од околу педесет лица во понеделник вечерта во рацијата во

Со колку пари се купува среќата?

Сите ја знаеме познатата изрека „Среќата не се купува со пари“, но сумата на пари што ја заработувате може да влијае врз тоа како ја доживувате среќата, вели едно најново научно истражување.

Мицкоски од Брисел: Поради вештачки спорови две и пол децении стоиме во место на нашиот европски пат

Две и пол децении по почнувањето на нашиот пат кон членство во ЕУ, ние се уште сме на истото место, не затоа што не ги исполнуваме Копенхашките критериуми, туку поради некои вештачки

Прекината истрагата против Додик, Стевандиќ и Вишковиќ за напад врз уставниот поредок на БИХ

Обвинителството на Босна и Херцеговина (БиХ) ја прекина истрагата за напад врз уставниот поредок против поранешниот претседател на Република Српска  Милорад Додик, претседателот на Народното собрание, Ненад Стевандиќ, и поранешниот премиер, Радован
Go toTop