Соученици, другари, родители, граѓани се потпишуваат во Книгата на жалост во ОУ „Јохан Хајнрих – Песталоци” за почината Вања Ѓорчевска

December 4, 2023
1 min read

реклама


Во ООУ „Јохан Хајнрих – Песталоци” денеска е отворена книга на жалост за прерано згаснатиот живот на 14 годишната Вања Ѓорчевска. 

На службениот влез на училиштето блиските и сите граѓани кои сакаат да оддадат почит доаѓаат да се потпишат во Книгата на жалост и го изразуваат своето сочувство за прерано згаснатиот живот на младата Вања. 

реклама

Менаџментот на училиштето во соработка со повеќе психолози денеска се во целосна спремност со цел обезбедување поддршка за учениците и комуникација со нив на начин со кој сите полесно ќе го пребродат овој трагичен настан.

Освен родителите на децата од училиштето, свое сочувство изразија и други граѓани, како и претставници од Општина Центар заедно со градоначалникот Горан Герасимовски.

реклама

Од Вања Ѓорчевска се простија и нејзините наставници од ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ на Фејсбук профилот на училиштето. 

-Наставниците не умеат да ја решат оваа задача, Вања. Прости ни, не можеме, не знаеме како да се поздравиме… Нека ти биде светол патот кон вечноста! Твојата насмевка и искрена душа засекогаш ќе останат во нашите срца. Со неизмерна болка и љубов, твоите наставници и соученици, најмила Вања!

реклама

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пекинг соопшти дека американски воен брод „нелегално“ влегол во територијалните води на Кина

Следно

Путин побара по 8 деца од руските жени

Latest from Blog

Турција го одбележува 15 Јули, Ден на демократијата и националното единство

СКОПЈЕ (АА) – Турција денес го одбележува 15 Јули, Ден на демократијата и националното единство, кој наедно ја одбележува и деветгодишнината од неуспешниот обид за државен удар од страна на терористичката организација

„БОМБА“ од Англија: Реал дал дозвола Родриго да заврши во Арсенал!

„Бомба“ од Англија со веста дека Арсенал и официјално испратил понуда до Реал Мадрид за Бразилецот Родриго, вредна дури 90 милиони евра! Според информациите од Островот, „топчиите“ понудиле почетна сума од 44

Каја Калас: Доколку ситуацијата во Газа не се подобри, тогаш сите не сме направиле доволно

ИСТАНБУЛ (АА) – Шефицата за надворешна политика на Европската Унија (ЕУ), Каја Калас, денес предупреди дека доколку ситуацијата во Газа сè уште не се подобри, тоа значи дека сите не направиле доволно,

Почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев, беше чест гостин во Урбан Таг на ТВ21

На само 36-годишна возраст, почина истакнатиот македонски гитарист, професор, композитор и аранжер Кристијан Волчев, оставувајќи зад себе големо празнино во музичката сцена и образованието. Роден во Скопје во 1988 година, Волчев беше
Go toTop