Состанок на БРИКС во ограничен формат на вториот ден од самитот во Русија

October 23, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Разговорите во ограничен формат на економската група БРИКС започнаа денес на вториот ден од самитот на Блокот во рускиот град Казан, јавува Анадолу.

Состанокот со кој претседава рускиот претседател Владимир Путин започна со обраќање до лидерите на земјите на БРИКС, меѓу кои и оние на Египет, Етиопија, Иран и Обединетите Арапски Емирати, кои учествуваат на самитот на блокот за прв пат откако станаа официјални членки во јануари.

Меѓу членките на Блокот, само Бразил е претставен на ниво на министер за надворешни работи, бидејќи претседателот Луис Инасио Лула да Силва не може да патува поради повреда, а учествува преку видеоконференција.

Како што соопшти Кремљ, агендата на состанокот вклучува размена на мислења и за глобалните и за регионалните прашања.

Во соопштението, исто така, се наведува дека на состанокот ќе се разговара и за трите главни области на соработка наведени од руското претседавање со групата: политика и безбедност, економија и финансии и културни и хуманитарни контакти.

„Особено внимание ќе се посвети на прашањето за можно проширување на БРИКС преку планирано формирање на нова категорија ‘држави-партнери’“, се додава.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе пристигне подоцна во текот на денот како гостин и треба да присуствува на состанокот на самитот во проширен формат, а ќе оствари и средба со Путин на маргините на самитот.

На тридневниот самит присуствуваат долгогодишните членки Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република – изворот на името на групата – како и од неодамна новите земји членки Египет, Етиопија, Иран и ОАЕ.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Димитриеска-Кочоска: Растот на економијата следната година над 3,5%, се темели на инвестиции

Следно

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од генералниот секретар Сајкоски положи свежо цвеќе пред споменикот на основачите на македонската револуционерна борба

Latest from Blog

Руски гранати погодија станбена област во Источна Украина

СКОПЈЕ (АА) – Русија ја гранатираше украинската област Доњецк, уништувајќи три куќи, известува Анадолу. Русија изврши напад врз местото Костјантинивка, во Доњецк, предизвикувајќи пожари од кои се запалија неколку број куќи. Експлозиите

Земјотрес почувствуван во Македонија, епицентарот во Косово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 43 минути регистрираше земјотрес

Македонските млади ракометарки дел од програмата „Почитувај го твојот талент“

Дел од македонските млади ракометарки кои се со младинската репрезентација на Европското првенство во Црна Гора беа учеснички на програмата „Почитувај го твојот талент“ организирана од Европската ракометна федерација (ЕХФ). На собирот

Висок американски дипломат: „Страните се согласија за чекорите со кои ќе се стави крај на ситуацијата во Сирија вечерва“

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот државен секретар Марко Рубио денес изјави дека сите страни се согласиле за „конкретни чекори“ кои ќе овозможат прекин на судирите во Сирија, известува Анадолу. „Ги ангажиравме сите страни

СДСМ: Тошковски живее во паралелен свет – Македонија никогаш не била понебезбедна

Според нив реалноста што граѓаните ја чувствуваат е дека за една година Македонија никогаш не била понебезбедна од сега, бидејќи далеку сме од држава во која владее ред, правда и одговорност, како
Go toTop