Соопштение за јавност 03.5.2023

1 min read

Град Скопје отпочна акција за чистење и уредување на кејот на Вардар на потег од општина Гази Баба и Аеродром до Ѓорче Петров.

Акцијата здружено ја реализираат тимови од ЈП Комунална хигиена, Паркови и зеленило, Улици и патишта, Водовод и канализација и Лајка.

Посветено работиме на зелените површини и местата за рекреација во градот, а воедно го најавуваме новиот проект за кејот на Вардар, со нови рекреативни содржини и подигнување нови зелени површини, садење нови дрвја со што делуваме кон почиста животна средина и создавање соодветно место за рекреација на жителите на град Скопје.

ИЗВОР: skopje.gov.mk

Претходно

Алардајс нов тренер на Лидс

Следно

Вучиќ предложи мерки по трагедијата на Врачар: Да се намали старосната граница за кривична одговорност од 14 на 12 години 

Latest from Blog