Сообраќајот се одвива во зимски услови,забрана за камиони има на Маврово на патот Тетово – Попова Шапка

December 2, 2024
1 min read

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со слаб интензитет провејува низ цела западна Македонија, додека во останатите делови врнежите се од дожд. 

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинскиот превој Маврово. На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за тешки товарни возила во правец с.Лисец – Попова Шапка, а за останатите возила задолжително користење зимска опрема односно ланци.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ЈП Македонијапат со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата по обилните врнежи во западните и источните предели. Како што соопштува јавното претпријатие, исто така на располагање се и фирмите со кои тие соработуваат, за навремено да се справат со снежните наноси.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Сообраќајот кон Пониква и кон с. Бели се одвива непречено, по една коловозна лента. Од страна на граѓани е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини. 

ЈП Македонијапат и АМСМ апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Хамилтон му се извини на Мерцедес за грешките во Катар

Следно

Бербок ја обвини Кина дека и дава оружје на Русија за војната во Украина и дека го загрозува мирот во Европа

Latest from Blog

Кодот води во Софија, не во Пловдив: нови сомнежи околу ТОЕФЛ-дипломата на шефот на АНБ

Според истражување на БИРН, директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Бојан Христовски полагал ТОЕФЛ двапати, но неговиот јазичен сертификат содржи низа недоследности што ја доведуваат во прашање неговата автентичност. БИРН добил

Турскиот и ирачкиот министер за надворешни работи разговараа за конфликтот меѓу Израел и Иран

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан телефонски разговараше со ирачкиот колега Фуад Хусеин за тековниот конфликт меѓу Израел и Иран, соопштија денес извори од турското Министерство за надворешни

Руски беспилотни летала погодија трговски центар во Запорожје

СКОПЈЕ (АА) – Серија напади со беспилотни летала се извршени врз југоисточниот украински град Запорожје во текот на ноќта, оштетувајќи ги станбената и комерцијалната инфраструктура, соопштија локалните власти, пренесува Анадолу. Регионалната воена
Go toTop