Сојуз на земјоделски здруженија: Да не се потпишуваат договорите за новата реколта тутун без зголемување од 20 насто

March 4, 2023
1 min read

Тутунарите да не ги потпишуваат договорите со откупните компании за новата реколта тутун додека цените не се зголемат за 20 насто, бара и апелира Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.

Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделци на Македонија вели дека откупувачите побрзаа да ги склучуваат договорите уште незавршен официјалниот откуп на ланската реколта (до 28 февруари) што значи дека им треба родот, но ги нудат постојните, а не нови зголемени цени по класи. Треба да се преговара за нови цени.

– Ги повикуваме тутунарите да не ги потпишуваат договорите. Ако не ги потпишат, фирмите ќе имаат непотпишани договори, што значи не ќе може да ги внесат во ИСЕТ што мора да се направи до 20 март. Друга законска можност немаме за да ги притиснеме фирмите, освен да ги повикаме тутунарите да не ги потпишуваат договорите со исти цени. Целта ни е да седнеме, да преговараме, а некои фирми веќе почнаа да се јавуваат за преговарање. Додека не се зголемат цените по класи за 20 насто, нема да ги прифатиме договорите. Откупувачите испратија договори, но со лански цени, без зголемувања по класи. Ние им одговоривме дека нема да ги потпишеме договорите, зашто не се согласуваме со понудените цени. Тие се без зголемување и се на ланското, последно, ниво од 300 за прва класа, 240 за втора и 180 за трета класа. Ние сакаме зголемување за 20 насто, зашто се зголемува инфлацијата, а се зголемуваат и трошоците за производство, изјави Стомнароски.

Злате Даноски, претседател на тутунското здружение „Мице Козар“ од Прилеп и Гоце Јончески, тутунопроизводител од Прилепско, објаснуваат дека ако не се зголемат цените ќе стане неисдплатливо производството и ќе ја доведе во опасност иднината на оваа земјоделско-индустриска гранка. осдобено што младите немаат интерес да работат на нивите.

– Ако склучиме договори, тутунот ќе оди по стара цена. Мора да бидеме заедно, да не ги потпишуваме договорите и да се избориме за зголемување на цените. Со овие цени не може да биде рентабилно производството, ќе остане само маката. Младите не се заинтересирани, останаа само повозрасните да го работат тутунот. Со овие цени нема воопшто да сакаат да работат, вели Даноски.

– На нивите останаа средновечните да го работат тутунот. Почна подготовката на расадопроизводството. Со овие цени никој нема да работи. Ако сакаме, барем дел од младата генерација да остане, мора производството да биде исплатливо. Со овие цени, без зголемување, нема да има сигурна иднина за тутунопроизводството, вели тутунарот Гоце Јончески.

Ланската реколта од 21 000 тони се откупи по просечна цена од околу 290 денари и тоа за првпат тутунот се купи еден месец пред законскиот рок, 28 февруари. Почна расадопроизводството за новата реколта. Тутунарите очекуваат да ги добијат што поскоро субвенциите, кога им се најголемите трошоци за новата реколта. Од тутунопроизводството во земјава егзистираат преку 25 000 семејства.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Фон дер Лајен: Русија и нејзиното раководство мора да одговараат за злосторствата во Украина

Следно

Бројни навивачи на Лацио уапсени во Неапол

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop