Сочувство од европските лидери по трагичниот пожар во Кочани

March 16, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – По трагичниот пожар што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој досега животот го загубија 59 лица, а 155 се повредени, сочувство изразија и европските лидери, известува Анадолу.

Роберта Мецола, претседателка на Европскиот парламент, за трагичниот настан во Кочани објави:

„Моите мисли утрово се со народот на Северна Македонија и со семејствата и пријателите на сите што ги загубија животите во страшниот пожар што избувна оваа ноќ во Кочани.

На сите повредени им посакувам брзо закрепнување. Европа тагува со вас овој трагичен ден.“

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во врска со трагичниот настан што се случи во Кочани, на социјалните мрежи објави:

„Скршено ми е срцето од загубата на толку млади луѓе во овој страшен пожар во Кочани. Моите мисли се со сите семејства на жртвите од оваа трагедија.

ЕУ се солидаризира со народот на Северна Македонија во овој тажен момент.“

Каја Калас, висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, во објавата на платформата Х, наведе:

„Изразувам длабоко жалење за трагичниот пожар што одзеде премногу млади животи во Кочани. Мое сочувство до сите погодени од оваа трагедија. На повредените им посакувам брзо закрепнување.

ЕУ ги споделува тагата и болката на народот во Северна Македонија.“

Марта Кос, членка на Комисијата на ЕУ одговорна за проширување, за несреќата во Кочани напиша:

„Длабоко сум натажена од трагичниот пожар во Кочани, Северна Македонија, во кој животот го загубија премногу млади луѓе.

Моите мисли се со жртвите на оваа страшна трагедија и нивните најблиски и со цела Северна Македонија!“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

ИН МЕМОРИАМ: Андреј од ДНК го загуби животот во пожарот во Кочани

Следно

Турското МНР изрази сочувство за загинатите во пожарот што избувна во Кочани

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop