Со три гласа против и осум воздржани, Ли Чианг е избран за нов премиер на Кина

1 min read

Ли (63) е најпознат по наметнувањето брутално заклучување во Шангај минатата пролет, кога беше на чело на Кинеската комунистичка партија во најнаселениот град во земјата. Така, тој ја докажа својата лојалност кон Си Ѓинпинг со спроведување на својата политика „нулта ковид“ со цврста рака, и покрај поплаките од локалните жители дека немаат пристап до храна, лекови и основни услуги

Кинескиот парламент денеска го избра Ли Чианг за премиер во гласање што беше практично формалност, јавија западни медиуми. Ли е близок и доверлив човек на претседателот Си Ѓинпинг, кој вчера беше реизбран и доби трет мандат.

Ли Чианг со претседателот на Кина, Си Ѓинпинг/Фото: EPA-EFE/MARK R. CRISTINO / POOL

Кинескиот национален народен конгрес во голема мера само ги одобрува одлуките на владејачката Комунистичка партија. Еднодомниот парламент вчера едногласно го реизбра 69-годишниот Си Ѓинпинг за претседател. На денешниот избор на Ли Чианг за премиер имаше три гласа против и осум воздржани. Во кинескиот парламент има 2 980 пратеници.

Ли (63) е најпознат по наметнувањето брутално заклучување во Шангај минатата пролет, кога беше на чело на Кинеската комунистичка партија во најнаселениот град во земјата. Така, тој ја докажа својата лојалност кон Си Ѓинпинг со спроведување на својата политика „нулта ковид“ со цврста рака, и покрај поплаките од локалните жители дека немаат пристап до храна, лекови и основни услуги.

Приоритет број еден за новиот кинески премиер ќе биде економијата. Целта за раст на бруто-домашниот производ на Кина за оваа година е околу пет проценти. Минатата година таа бројка падна на три отсто, што е второ најниско ниво од 1970-те години.

фото: EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Киргистан: Поставен камен-темелникот на комплексот и џамијата со капацитет од 20.000 лица

Следно

Стоилковски: Дали е нормално директор на БЈБ да биде во блиски врски со човек којшто пука, тепа и насилно попречува изборен процес?

Latest from Blog