Скопје добива нова ботаничка градина во ЗОО Скопје 26.5.2023

May 27, 2023
1 min read

Градот Скопје и неговите жители добиваат нова Ботаничка градина која ќе се простира на 12.600 квадратни метри, и во која ќе бидат засадени над 4.600 уникатни дрвја и садници. Во Ботаничката градина ќе се постават видиковци, нова урбана опрема и бројни други содржини за посетителите.  

Предвидено е во градината, која ќе биде во рамки на Зоолошката градина во Скопје, да има автохтони видови растенија кои се природно распространети во Македонија, како и алохтони видови, односно растенија внесени однадвор. Исто така, ќе има и ендемични растенија специфични само за Македонија.

Подигнувањето на Ботаничката градина ќе биде од исклучително значење за граѓаните љубители на природата и на природните науки, бидејќи на едно место посетителите ќе може да ги видат содржините на Природно-научниот музеј, Зоолошката и на новата Ботаничка градина.

Реализацијата на овој проект е дел од програмата „За Модерно Скопје“, за подигнување нови зелени површини, затоа што Скопје  и неговите граѓани заслужуваат модерни и еколошки содржини кои ќе придонесуваат за унапредување на животната средина.

ИЗВОР: skopje.gov.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Донарума: Искрено се надевам дека ќе останам во ПСЖ долго време

Следно

Филхармонија со црвени ленти го заврши последниот концерт, тие се црвен картон за Министерството за култура

Latest from Blog

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги

Зи-Зу веќе има договор и наскоро седнува на селекторската клупа на Франција

Француската фудбалска федерација постигна принципиелен договор со Зинедин Зидан за негово назначување за главен селектор на националниот тим, објави „Ел Национал“. Како што беше претходно објавено, 53-годишниот специјалист ќе го замени Дидие
Go toTop