Скај спортс: Евертон одлучи да го отпушти Лампард

January 23, 2023
1 min read

Френк Лампард денеска треба да се повлече од функцијата менаџер на Евертон. Според „Sky Sports“, одлуката за отказ на 44-годишниот специјалист е веќе донесена. Се очекува Евертон денеска да го објави заминувањето на Лампард како менаџер.

Лампард го презеде кормилото на Евертон пред помалку од една година на 31 јануари 2022 година.

„Карамелите“ од Ливерпул се наоѓаат на 19. место на табелата во Премиер лигата, со ист број бодови како и последно пласираниот Саутемптон.

Тимот нема победа од 22 октомври – тогаш Евертон го совлада Кристал Палас (3:0) во натпреварот од Премиер лигата. Оттогаш, тимот има 8 порази и 2 нерешени на 10 натпревари.

Следниот натпревар Евертон ќе го одигра на 4 февруари против лидерот Арсенал.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Институт Батут: Се шири епидемијата на мали сипаници во Смедерево

Следно

Поради безбедносни причини црквата „Св. Константин и Елена“ на улица Македонија ќе остане оградена

Latest from Blog

Дејан Манасков доби нов договор

Битолскиот клуб и македонски шампион Е.Пелистер објави дека искусниот Дејан Манасков го продолжи договорот со овој клуб, „Шампионскиот ген на Дејан Манасков и следната сезона ќе ги радува навивачите на Еурофарм Пелистер.

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара
Go toTop