Сириска мрежа за човекови права: Доцнењето на ОН го зголеми бројот на жртви од земјотресот во Сирија

February 15, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Сириската мрежа за човекови права (SNHR) соопшти дека доцнењето на помошта на Обединетите нации (ОН) за регионите во северозападна Сирија погодени од земјотресите со епицентар во турската област Кахраманмараш, доведе до зголемување на бројот на загинати, пренесува Анадолу.

Документирајќи ги прекршувањата на правата врз цивилите во Сирија, СНХР во својот извештај ги обвини ОН и нивните институции дека доцнат со доставувањето хуманитарна помош и акциите за пребарување и спасување во северозападните региони на Сирија погодени од земјотресите.

„Задоцнетото пристигнување на помошта на ОН во северозападна Сирија и оставањето на локалните хуманитарни агенции сами да се борат против последиците од катастрофалниот земјотрес, предизвикаа зголемување на број на луѓе кои загинаа под урнатините“, се наведува во извештајот.

Во извештајот, кој беше оценет како „неоснован“ од страна на властите на ОН за доцнењето на испораката на меѓународната помош за жртвите од земјотресот во Сирија, од ОН се бара да покрене внатрешна истрага со цел да се објасни причината за доцнењето на испораката на меѓународната помош за областите во северозападна Сирија погодени од земјотресот.

Во земјотресите со епицентар во Кахраманмараш, кои се опишани како „катастрофа на векот“, во Сирија животот го загубија најмалку 3.688 лица, од кои повеќе од половина во регионите под контрола на опозицијата, а повредени се 14.749 лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Мајка со две деца спасена од под урнатините 228 часа по земјотресот во Туркије

Следно

Град Скопје ќе го реконструира булеварот АСНОМ

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.

Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба
Go toTop