Сирија: Шаторите се засолниште за илјадници жртви на земјотресите во Џандарис

February 17, 2023
1 min read

АФРИН (АА) – Волонтери и филантропи придонесоа во обезбедувањето шатори за илјадници луѓе во Џандарис, кои се погодени од земјотресите кои го потресоа регионот, со епицентар во турската област Кахраманмараш, пренесува Анадолу.

Џандарис е подрачје кое е најмногу погодено од земјотресот, бидејќи испукаа ѕидовите на стотици куќи, а многу други се урнати.

Повеќе од 500 луѓе загинаа, а илјадници останаа без кров над главата.

Локалниот совет на Африн и хуманитарните организации поставија привремени засолништа за жртвите од земјотресот.

Во меѓувреме, тимови на сириската цивилна одбрана продолжуваат со акциите на пребарување и спасување.

Наваф Абдун, жртва на земјотресот, за Агенција Анадолу изјави дека преживеал, но ја изгубил куќата.

Абдун наведе дека засолништата и училиштата се преполни, а оние кои имаат куќа живеат со четири до пет семејства.

„Не успеавме да најдеме куќа во која би се засолниле, па сме во шатори, кои не се адекватни за студено време ниту за сместување на семејство“, појасни Абдун.

Без кров над главата е Амин Хаџи Садо.

Тој изрази надеж дека неговиот град ќе биде обновен со помошта на луѓе со добра волја.

Најмалку 171.843 лица се раселени од северниот дел на Сирија по земјотресите кои го потресоа овој регион, објавија сириските хуманитарни организации.

Во Сирија загинаа најмалку 3.688 лица, а над 14.749 се повредени во двата разорни земјотреси кои на 6 февруари го потресоа подрачјето на Туркије и на Сирија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Братот на фудбалерот Атсу од Хатајспор, со пријателите чека покрај урнатините: „Жив е, не губиме надеж“

Следно

Ограбена обложувалница среде бел ден во Скопје

Latest from Blog

Радост која што ќе завршеше трагично (ВИДЕО)

Малку треба за голем проблем, а тоа на своја кожа најдобро го почувствува капитенот на Коритиба, Јаси Маранјао, тимот од Бразил во дуелот со Чапекоенсе. Тој постигна гол пред полувремето, и во

СУШАТА ЈА ТРЕСЕ ЕНЕРГЕТСКАТА БЕРЗА – Цената на струјата скокна над 700 евра за мегават-час

Цената на електричната енергија на берзите во Југоисточна Европа скокна над 700 евра за мегават-час, откако сушата го намали производството од хидроелектраните и нуклеарните централи, а екстремните топлотни бранови дополнително ја зголемија

Утре без вода дел од Центар

На 10 август, понеделник, дел од корисниците во Центар ќе останат без водоснабдување поради уличен дефект, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. -Поради уличен дефект од ф – 80 мм на ул.

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
Go toTop