Сирија: Едно лице загина, а шест се повредени во напад со беспилотно летало врз база на коалициските сили

March 24, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американското Министерство за одбрана (Пентагон) соопшти дека иранско беспилотно летало извршило напад врз базата на коалициските сили предводени од Соединетите Американски Држави (САД) во Хасека, Сирија, јавува Анадолу.

Во нападот загина едно лице, а шест лица се повредени, меѓу кои и пет американски војници.

Пентагон соопшти дека вчера околу 13 часот и 30 минути по локално време, самоубиствено беспилотно летало удрило во објект за одржување што им припаѓа на коалициските сили што се наоѓаат во областа за борба против терористичката организација ДЕАШ.

Тие потврдија дека било убиено едно лице што работело со САД, а шест други, меѓу кои пет американски војници, биле повредени.

Американската разузнавачка агенција процени дека беспилотното летало е од иранско потекло, соопшти војската.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Кој всушност користи муниција со осиромашен ураниум и колку е таа опасна?

Следно

Узрупиран дел од Маркова Река кај Горно Лисиче (ФОТО)

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop