Силното невреме нанесе големи штети во тетовско и скопско, нестабилно време се очекува до петок

1 min read

Силното невреме кое синоќа ги опфати Тетово и Скопје предизвика големи материјални штети. Поплавени куќи, подруми,улици и патишта заглавени коли под подвозници, искрши дрвја и коли, паднати билборди и откорнати семафори.

Во Скопје ограда од мост падна врз автомобили. И ден после невремето кое што го зафати Тетово и Скопје службите на терен ги расчистуваа штетите. Во ценатор за Управување со кризи изминатово деноноќие добиле близу 3000 повици од граѓани за помош од невремето.

Паднати бандери, скинати кабли на кабелски оператори за интернет и за телевизија но, исто така и електрични кабли. Одредени бандери не издржаа налетот на ветерот, особено таму каде што имаше голем интензитет на пример овде каде што се наоѓаме еве и оваа бандера која што не издржала налет на невреме во Скопје.“ – велат од Центар за управување со кризи Илија Бојаровски.

Од управата за хидрометеролошки работи велат нестабилното време ќе продолжи до петок, а веќе стабилизација се очекува викендов.

„Што се однесува до времето во следните денови без промени се до петок, значи до крајот на оваа работна недела во попладневните часови ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи и локално и натаму процесите ќе бидат во форма на невреме со поинтензивен проен дожд силен ветер и појава на град. Температурите сосема благо ќе опаѓаат. Стабилно време се очекува во деновите од викендот.“ – вели Ленче Ризова од УХМР.

Големото невреме најсилно го погоди тетовско Сиричино. Земјоделците велат дека земјоделското производство е уништено за 100 отсто.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Американски товарен авион слета во Израел откако Нетанјаху го критикуваше одложувањето на испораката на оружје од САД

Следно

Не можеш против стадото, макар тоа било и научничко

Latest from Blog