Силјановска: Оваа власт е нелегитимна, премиерот и најголемиот дел од министрите не биле на избори, затоа се потребни избори!

January 27, 2023
1 min read

Во ниту еден ЕК извештај не е забележан, бидејќи се однесува на почитување на права на малцинства, не е посочен проблем со Бугарија. Во Договорот со Бугарија нема барање за внесување на Бугарите во Уставот, ниту некогаш до сега Бугарија посочувала ваков проблем. За Македонија во сите меѓународни извештаи било истакнувано дека има уставни гаранции и дека има повисоки стандарди за почитување на малцинствата над меѓународните, рече професорката Гордана Силјановска Давкова која е и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на утринската емисија „10 Студио“ на телевизија 24 коментирајќи ги актуелните случувања меѓу Македонија и Бугарија.

Според неа профилот на политичарите е многу важен, ова што се случува во Бугарија е поврзано и со нас, но и нашиот однос кон соседите.

„Ние се покажавме како држава која нема себепочит, ако секое барање однадвор поминувало со поддршка од надвор се покажува дека. Бугарија сега е дел од фамилијата, а фамилијата си ги штити децата“, укажува Силјановска.

Говорејќи за актуелната тема за промена на Уставот поради внесување на Бугарите во истиот, таа вели, нема да гласам од следниве причини.

„Уставот е највисок правен акт и е општествена повелба, секоја власт има мандат само за она со што излегла на избори, оваа власт не го кажала тоа пред граѓаните. Тоа мора да се каже пред граѓаните, а не е кажано. Тоа го нема ниту во Договорот со Бугарија значи се почитуваат правата на сите граѓани. Едноставно е се знае од каде доаѓа иницијатива за промена на устав, иницијатива за промена на Уставот не може да доаѓа од надвор“, рече Силјановска.

Таа е категорична дека „оваа власт е нелегитимна, премиерот си замина, најголемиот дел од министрите не биле на избори, затоа се потребни избори“.

Во однос на предлог законот за амнестија, Силјановска вели дека крајно време е да се преиспита квалификацијата за она што се случуваше на 27 април.

„Во битието на ова дело има нешто погрешно, тероризам не може никако да се препознае“, посочи Силјановска.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Санино: Путин од концептот специјална воена операција премина на концептот војна против НАТО

Следно

ВИДЕО: Полициска акција како на филм, српските полицајци уапсија опасен криминалец во Белград

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop