Сиљановска Давкова од Рим: Кирил го вградил не само својот живот, туку и нашиот во Европа и тоа мора да го почитуваме

1 min read

Денеска во земјава со пригодни настани се одбележува Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова која ја предводи државно-црковната делегација во Рим се поклони пред гробот на Свети Кирил и положи  цвеќе пред спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на светите браќа Кирил и Методиј која се наоѓа во базиликата „Санта Марија Маџоре“. Од Рим порача дека Кирил го вградил не само својот живот, туку и нашиот во Европа и тоа мора да го почитуваме.

Митрополитот европски, владиката Пимен, кој заедно со митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј, го водеше молебенот пред гробот на Свети Кирил, порача дека овој настан се организира по 56 пат и особено е значаен од теолошка смисла.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Макрон ќе се состане со министрите за надворешни работи на пет арапски земји, ситуацијата во Газа главна тема

Следно

ИХФ ги потврди шеширите пред ждрепката за ракометното СП (ФОТО)

Latest from Blog