Си Џинпинг го пречека Путин, рускиот лидер не ги криеше импресиите

May 20, 2026
1 min read

Односите меѓу Кина и Русија носат стабилност во хаотичниот свет. Со ваква порака, кинескиот лидер Си Џинпинг го пречека рускиот колега Владимир Путин, кој е во прва странска посета годинава, што самото по себе ја истакнува клучната важност на Пекинг за се поизолираната Русија.

И покрај тоа што ова е дури 25-та посета на Путин на Кина, рускиот лидер не ги криеше импресиите, уште на првата средба со кинескиот претседател.

-Најсоодветно би било да употребам една кинеска поговорка, во која се вели: нема да се видиме еден ден, а тоа изгледа како да поминале три есени. , изјави Владимир Путин, претседател на Русија.

Потоа, на посебна церемонија двајцата лидери потпишаа 20 договори од сферата на трговијата, технологијата и науката, а постигнат бил и начелен договор за изградба на новиот гасовод кој од Русија треба да обезбедува 50 милијарди кубни метри гас годишно за Кина. Путин и Си објавија и заедничка изјава, во која се осудуваат сите форми на воен авантуризам во светот, што се толкува како критика на американските дејствија во Иран и во Венецуела.

-Кина и Русија треба да цврсто да се држат до улогата на големи и одговорни сили, да го штитат меѓународното право и да се спротивстават на сите еднострани малтретирања и дејствија кои ја менуваат историјата. , изјави Си Џинпинг, претседател на Кина.

-Руско – кинеските односи досега постигнаа невидено ниво и продолжуваат да се развиваат. Нашите односи се самоодржливи. Тие не зависат од моменталната глобална ситуација и служат како модел за тоа како да се гради интеракција меѓу земјите и народите во денешно време, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.

Трговската размена меѓу Пекинг и Москва лани изнесувала 240 милијарди долари. Кина е најголемиот трговски партнер на Русија и купува речиси половина од рускиот извоз на нафта.

Медимите го следат секој детал од посетата на Путин, правејќи споредба со помпезниот пречек што само пред една недела го имаше Трамп во Пекинг, што поттикна реакција од Москва. Главната вредност е во содржината, а не во церемонијата, порача Кремљ. 

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Евроинтеграциите и реформите во фокусот на средбата на Муцунски со амбасадорите на ЕУ

Latest from Blog

Евроинтеграциите и реформите во фокусот на средбата на Муцунски со амбасадорите на ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржа работна средба со амбасадорот на Европската Унија и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на која биле разгледани актуелните политички и реформски

Муцунски: Македонија останува посветена на европскиот интегративен пат

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржа работна средба со амбасадорот на Европската Унија и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на која биле разгледани актуелните политички и реформски

Проданоски: Создаваме услови младите да останат и да се развиваат во Прилеп

Меѓународниот средношколски форум на економски училишта, организиран од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Прилеп, претставува значајна платформа за отворање дискусија за улогата на младите во современото општество и важноста од нивно соодветно образование

Дали “новиот“ Ансу Фати е опција за Барселона?!

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Ансу Фати сè уште не го кажал конечното „да“ на Монако, бидејќи се надева дека би можел да ја добие својата последна шанса во Барселона. Каталонски извори објавија дека Фати чека
Go toTop