Што се случува со младите – Уапсени две момчиња во Драчево и Сарај со пиштол и куршуми

1 min read

Во текот на вчерашниот ден полицијата уапси две момчиња кои со себе носеле оружје. Во Сарај околу 22 и 30 часот е уапсено 18-годишно момче со иницијали Б.С. од с.Крушопек, поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени пиштол „зораки“, една рамка со три куршми и нож.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Исто така синоќа на подрачјето на скопската населба  Драчево, полицијата го уапсила Р.Д.(19) од с.Морани, се шетал со пиштол „зораки“и со една  рамка со 61 куршум.

Не е соопштено која им била намерата на момчињата, но полицијата соопшти дека подготвува соодветна пријава.

ИЗВОР: racin.mk

Претходно

Пропалестинска невладина организација во Британија го затвори влезот на фабриката што произведува оружје за Израел

Следно

Обраќање на министерот Муцунски пред Унгарската дипломатска академија

Latest from Blog