„Шпигел“: Шолц одлучи да испрати тенкови „леопард 2“ во Украина

January 24, 2023
1 min read

Украина смета дека тенковите се клучни за пробивање на руските линии и за надминување на очекуваната руска офанзива оваа пролет

Германскиот канцелар Олаф Шолц одлучи да испрати тенкови „леопард 2“ во Украина и да им дозволи на другите земји да го сторат истото, објави вечерва магазинот „Шпигел“.

„Леопард 2“ се произведени во Германија и Берлин треба да го одобри нивниот извоз.

За ова се уште нема официјална изјава од германската влада.

Украина смета дека тенковите се клучни за пробивање на руските линии и за надминување на очекуваната руска офанзива оваа пролет.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека околу 300 тенкови „леопард“ ќе и помогнат да ја победи Русија.

Претходно денеска, Полска официјално побара одобрение од Берлин за извоз на тенковите, а германската Влада најави дека ќе одговори на ова прашање што е можно поскоро.

Според весникот, одлуката се однесува на најмалку една батерија тенкови „Леопард 2 А6“.

За ова прашање денеска разговарале и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

Столтенберг по средбата изјави оти е убеден дека Алијансата наскоро ќе најде решение за испораката на борбени тенкови на Украина, пренесе „Гардијан“.

Писториус изјави дека нема неединство меѓу сојузниците околу испраќањето тешки борбени тенкови во Украина и нагласи дека Берлин брзо ќе дејствува доколку има позитивна одлука за тоа.

Сепак, тој истакна дека НАТО не смее да стане страна во војната во Украина.

Другите сојузнички земји, како што се скандинавските, изразиле намера, заедно со Германија, да испорачаат свои „леопарди“ на Киев, пишува „Шпигел“.

Шолц досега инсистираше на тоа Германија да не дејствува одвоено од нејзините сојузници во НАТО во испраќањето нови категории тешко вооружување, поради загриженоста дека таквите потези може да предизвикаат ескалација со Москва.

Германските официјални лица секогаш јасно кажуваа во приватни разговори дека ќе испратат или ќе дозволат други да испратат „леопарди“ во Украина само доколку САД го испратат својот главен борбен тенк „М1 абрамс“.

Весникот „Вол Стрит Џурнал“ денеска објави дека САД би можеле нивните тенкови „М1 абрамс“ да ги испратат во Украина како дел од поширок меѓународен пакет што ќе ги вклучува и германските „леопарди“. 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Апсење на натпрееварот Ливерпул – Челзи

Следно

Мелони: Западен Балкан не смее долго да остане надвор од ЕУ

Latest from Blog

Најмалку 15 Палестинци се убиени во израелските напади во различни делови на Газа

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 15 Палестинци се убиени во нападите што израелската Армија ги изврши врз различни делови на Појасот Газа, известува Анадолу. Според палестинската новинска агенција ВАФА, израелската Армија нападнала училиште

НАТО предупредува за сериозни саботажи и сајбер напади кон нејзините членки

НАТО предупредува на нови сериозни акти на саботажа и сајбер напади на територијата на алијансата, изјави висок функционер на Северноатлантскиот сојуз на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО

Колку изнесува месечна пензионерска кошничка?

Списокот на потребите на пензионерите не е многу долг, но е прилично скап: храна, лекови, сметки… Според податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), во октомври 2024 година, просечната пензија

„Помисли двапати“ кампања на ИНТЕРПОЛ за зголемување на свесноста и заштита од онлајн измами

ИНТЕРПОЛ почна со нова кампања за зголемување на свесноста од растечките закани од сајбер или финансиски измами на луѓе, организации или институции. „Помисли двапати“ (Think Twice) кампањата во која целосно се вклучува
Go toTop