Шпанскиот премиер Санчез размислува за оставка по обвинувањето за неговата сопруга

1 min read

МАДРИД (АА) – Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, вчера најави дека на одреден период ја откажал сета своја јавна политичка агенда, за да размисли дали ќе остане на функцијата по обвинувањата за неговата сопруга Бегони Гомез дека влијаела врз деловниот свет и дека е вмешана во корупција, известува Анадолу.

Шпанскиот премиер најави дека ќе ја разгледа опцијата за оставка откако судот во Мадрид започна истрага по обвинението против неговата сопруга што ја поднел десничарскиот синдикат „Чисти раце“.

Сопругата на премиерот е обвинета дека го злоупотребила своето влијание во деловниот свет и дека била вмешана во коруптивни дејности.

Санчез по тој повод објави подолг текст на социјалната мрежа Х и ја обвини опозициската десница за клевета и неприфаќање на изборниот пораз.

„Итно морам да одговорам на прашањето дали да продолжам на чело на Владата или да се откажам од оваа висока почест? Дали сѐ вреди?“, наведе премиерот Санчез и додаде дека на одреден период ги откажал сите свои јавни состаноци и дека мора да размисли за овие прашања.

Тој најави дека одлуката ќе ја соопшти на конференција за новинарите на 29 април, а шпанските медиуми го нарекоа ваквиот потег изненадувачки.

Премиерот Санчез нагласи дека има политичка одговорност, должност на јавен сервис и никогаш не бега од должноста и одговорноста, дека ја сака својата земја и дека сака да оди напред.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Кобајаши со неверојатен скок постави неофицијален светски рекорд и скокна 291 метри

Следно

Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата

Latest from Blog