Шолц најавува нова динамика во евроинтегративниот процес на Западен Балкан

March 27, 2024
1 min read

Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, ниту пак дека земјата не е способна да биде дел од Унијата. Ваква порака испрати евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир. На неколку дена од стартот на изборната кампања, на денот кога се одбележува 4тата годишнина од членството во НАТО, Гир порача дека патот на земјата кон ЕУ е практичен и се заснова на обврските кои Македонија ги презеде со преговарачката рамка во јули 2022 година.

Потсети на првата политичка меѓувладина конференција, на скрининг процесот, но и на имплементација на реформите кои се вклучени и во Планот за раст. 

– Вообичаено е да се слушнат гласови на сирени кои велат дека оваа земја не може да и пристапи на Унијата, или затоа што, таа не ја сака внатре или затоа што не е способна да биде дел од ЕУ. Ниту едно од овие тврдења не е точно. Ние сакаме Северна Македонија да биде дел од Европската унија, патот е практичен и многу лесно остварлив, вели евроамбасадорот Дејвид Гир.

А германскиот канцелар Олаф Шолц, за време на официјалната посета на Словенија, кажа дека процесот на приближување на Западен Балкан кон ЕУ доби замав. Порача дека се туркаат многу прашања, а ја спомна и Македонија.

– Добро е што се појави нова динамика и што туркаме многу конкретни прашања. Тоа се однесува на решавање на билатералните конфликти кои се пречка, како што е прашањето: Како сега да го придвижиме процесот со Северна Македонија, а да не биде попречен меѓу државите членки? Ова се однесува на прашањето за Србија/Косово, а секако и за прашањето: Што понатаму со Босна и Херцеговина, вели Олаф Шолц.

Германскиот Бундестаг во знак на поддршка земјата кон ЕУ, минатата година, усвои  резолуција за поддршка на македонскиот јазик и идентитет. Специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин за ТВ24,тогаш кажа , земјата да не се надева на нова преговарачка рамка. Македонија во јули 2022 година ја стартуваше првата политичка меѓувладина конференција, но за да ги продолжи преговорите, треба да ги вметне Бугарите во Уставот. 

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Седумнаесет повредени во несреќа меѓу автобус и камион во северозападна Турција

Следно

Рубиалес се соочува со затворска казна од две и пол години

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop